Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Преговараме за изградба на стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште со парите од британскиот заем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Преговараме за изградба на стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште со парите од британскиот заем
Агровести

Мицкоски: Преговараме за изградба на стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште со парите од британскиот заем

Објавено 26/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието, како една од мерките го истакна стратешкиот проект за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, наведувајќи три главни аспекти за потребата од нив во иднина.

-Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, планираме да го работиме со парите од британскиот заем. Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали. Имајќи ги предвид климатските промени за иднина ќе се потребни овие два нови резервоари за вода, тоа ќе биде голем предизвик во иднина. Убеден сум дека овие два резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување, а којшто во одредени периоди во годината изостанува со вода па се намалува родот и приносот, рече премиерот.

Тој очекува акумулациите во Мариово да придонесат и за развој на туризмот, бидејќи приватни инвеститори покажуваат интерес за просторот, за опремување со содржини.

-Ова е стратешки проект, сумираше премиерот на собраниската расправа, којшто нема да заврши во мандатот на оваа влада, туку ќе трае неколку децении, но е проект којшто треба да донесе голема додадена вредност во државава, рече Мицкоски.

Парите, нагласи тој, се обезбедуваат преку евтини заеми како државна инвестиција, а останатото под пазарни услови и директни приватни инвестиции.

Осврнувајќи се на влијанието врз здравјето на луѓето, Мицкоски нагласи дека поквалитетна и поорганизирана животна средина ќе доведе до помала потреба од здравствени услуги. Тој, исто така, посочи дека дека Буџетот на Фондот за здравство е најголем досега, 53 милијарди денари, што е 300 милиони повеќе во однос на претходните буџети. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:британскиот заемГалиштеИзградбахидроелектраничебрен
Претходен напис Што претставува LGG® ПРОБИОТИК и какви се неговите здравствени придобивки
Следен напис Се намалуваат цените на бензините и дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?