Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Нема да дозволиме непазарно однесување на синџир-маркетите, имаме следни микротаргетирани мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Нема да дозволиме непазарно однесување на синџир-маркетите, имаме следни микротаргетирани мерки
Агровести

Мицкоски: Нема да дозволиме непазарно однесување на синџир-маркетите, имаме следни микротаргетирани мерки

Објавено 08/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека примирјето во Заливот резултирало со мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, но оти е рано да се проектира што ќе се случува на берзите наредната недела. Во однос на зголемувањето на цените во маркетите, пак, посочи дека ќе носат мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата, но оти нема да се толерира непазарно однесување на синџир-маркетите.

– Вчера се постигна привремено примирје и тоа веднаш резултира на берзите. Цената на нафтата е речиси 20 долари за барел веднаш поевтина во споредба со онаа што беше вчера, ќе видиме како ќе се движи, рано е уште да проектираме што ќе се случи во вторник, бидејќи понеделник е неработен ден, ќе треба да помине и четврток за да бидеме попрецизни, но ја следиме состојбата многу внимателно – рече Мицкоски при посетата на општина Шуто Оризари. 

Тој потсети дека според вчера објавените статистички податоци за трошоците за живот, тие се зголемени на годишно ниво за 4,9 проценти.

– Само ќе ве потсетам дека минатата година во март имавме и рамазанска и велигденска кошничка, па тука имаме ниско ниво, со кое го спредуваме, но ако го споредиме месечното ниво од 0,7 проценти, тогаш можеме да кажеме дека повторно сме меѓу првите 5 во Европа – рече Мицкоски.

Тој додаде дека помала месечна стапка на инфлација од нас имаат Словенија, Словачка, Естонија и Белгија, а сите други се од 1,5,  2, па и повеќе проценти на месечно ниво, тоа значи дека до сега мерките даваат резултати.

– Имаме стратегија што по 20 април откога ќе истече кризната состојба. Јас очекувам смирување, но во овие нешто повеќе од 40 дена регионално факт е дека имаме најниска цена на горивата за граѓаните, факт е дека граѓани од други држави доаѓаат кај нас за полнат бензин и дизел-гориво, кои ги има на нашите пумпи. За 20, 30 проценти е зголемена потршувачката, така што за разлика од онаа Македонија која коленичеше и молеше за помош во минатото, сега имаме една поинаква земја, која генерира стабилност во регионот – нагласи Мицкоски.

На новинарско прашање за зголемувањето на потрошувачката кошница, Мицкоски рече дека ако се мисли на потрошуваката кошница од Сојузот на синдикатите, самите автори рекле дека таа е просечна, а не е минимална.

– Апсолутно се согласувам со вас дека цените се високи и дека она што ние како Влада го правиме, а го имаме на располагање, е да имаме следни микротаргетирани мерки. Но, ја следиме, ќе повторам, состојбата и ќе носиме мерки во зависност од тоа како таа ќе се развива. Затоа што, сепак, треба да имаме предвид дека оваа година враќаме две и пол милијарди евра стари долгови. Дека оваа година враќаме солидарен данок, кој веќе почнавме да го враќаме. Дека исплаќаме колективни договори и така натаму и така натаму. И има две војни, таа во Украина и таа во Заливот. Многу предизвици, но тоа е што е. Не кукаме, не очајуваме. Заедно сме со граѓаните и нема да дозволиме непазарно однесување на синџир-маркетите. И тоа внимателно го следиме со вонредни инспекциски контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат –  одговори Мицкоски на новинарско прашање. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:дозволимемаркетитемицкоскиоднесување
Претходен напис Грешката што ја правите кога готвите тестенини и на тој начин внесувате многу повеќе калории
Следен напис Сточарството е сè повеќе погодено од климатските промени – трите најзагрозени животински видови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?