Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
Агровести

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија

Објавено 06/08/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија,  рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8, Мицкоски истакна дека Македонија успешно се соочува со предизвиците, како војната во Заливот и сегашната ситуација со нивото на реката Дунав, кои вршат притисоци врз цената на електричната енергија. 

Притоа порача дека политиката на оваа Влада не е да очајува и да одржува панични прес-конференции, туку да работи тивко, со мали чекори, но успешно и сето тоа да додаде вредност на квалитетот на животот на граѓаните.

– Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична  енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето со електрична енергија на граѓаните и на индустријата. И нема да правиме панични прес конференции, нема да повикуваме на внимателност во штедењето бидејќи водевме сметка многу порано за да не се случи тоа. Јас сум навистина среќен и задоволен што ја поминавме сезоната со наводнување онака како што планиравме, а сепак, во овој период од месецот, 6 август, имаме над 70 проценти од акумулациите полни и подготвени хидроелектрани да произведуваат електрична енергија, потенцира Мицкоски.

Тој потсети дека се реализираат големи капитални проекти.

– Се надевам дека во втората половина на август ќе можеме да појдеме на лице место, на терен, да посведочиме како се развива најголемата приватна инвестиција во делот на енергетиката, во делот на обновливата енергија, а тоа е ветропаркот на компанијата „Алказар“ во општините Штип, Карбинци, Радовиш, половина милијарда долари инвестиција во трите фази. И таму мислам дека ќе слушнеме уште една нова вест, но да оставиме инвеститорот тоа да го да го каже. Ние во моментот како земја сме безбедни и комотни, но истовремено правиме план за следните 10 години. За жал, предизвиците наследени од минатото се големи. Но, не очајуваме, ги решаваме. Ќе повторам, при решавањето имаме, се разбира, и критика. Јас секогаш како претседател на Владата сум подготвен за аргументирана критика и политичка дебата, но секогаш ќе се борам против оној талог во општеството што измислува и врз основа на тие лаги и конструкции создава хистерија и се обидува на тој начин да ја нападне работата на Владата. Е тука ќе се бориме цврсто, зашто тој не смее да победи. Мора да победи трудот, чесната и посветена работа и оние што прават стратегија и имаат визија како оваа земја треба да се развива, подвлече премиерот.

Земјава, додаде, нудеше по околу половина евро по литар поевтини горива во споредба со тоа што го имаа соседните земји, а со некои соседи таков е слуачјот и сега.

– Тоа е политиката на Владата, не да очајува, туку да работи. Од почетокот на годината имаме исклучително големи три предизвици. Првиот е војната во Заливот, војната во Иран и предизвиците што се случуваат со теснецот. Според сите светски енергетски познавачи, тоа претставува историски најголема енергетска криза. И кога почна таа енергетска криза, односно кога почна тој конфликт, сведоци бевме како голем број европски политичари, вклучително и политичари од регионот, држеа панични прес конференции, се обидуваа да укажат на предизвикот што се случуваше кој тогаш беше на самиот почеток. Зборуваа и за последиците. Ние не очајувавме, не одржувавме панични прес конференции, напротив, испраќавме пораки на смиреност дека имаме доволно резерви, дека нема потреба да го ограничиме и извозот од нашите капацитети, дека сме тука да помогнеме и за граѓаните од соседните земји, со тоа што ја одржавме ценовната стабилност, понудивме на пазарот најниски цени за горивата и на тој начин 50-тина проценти во одредени денови се зголеми потрошувачката на горивата поради притисокот што го правеа граѓаните од соседството, истакна Мицкоски.

Се осврна и на нивото на Дунав.

– Денеска имаме втор феномен. Втората најголема река во Европа – Дунав во одредени делови е на најниското ниво во последниве 100 години, а на одредени делови се ближи кон најниското ниво во последниве 100 години. Гледате што се случува со нуклеарните централи во Романија, во Чешка, во Унгарија, во хидропотенцијалот на Србија, Бугарија сѐ уште колку-толку ја користи, но прашање на ден е кога сето тоа ќе се исклучи. И тоа врши притисок врз цената на електричната енергија. Бидејќи вие со обновливи извори можете да произведувате енергија, но не може таа да биде базна, па дури и да имате батерии инсталирано. Вам ви треба базна енергија. Базна енергија во најголема мера произведуваат нуклеарните централи коишто во овој момент се исклучија и цените на берзите се огромни. Акумулациите се речиси празни. Но, ние како земја успеавме да направиме стратегија и механизам тоа да не се случи, истакна Мицкоски.

МИА

Може да ви се допадне

Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна
Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Серафимовски: Нема повеќе земјоделство што преживува, време е за производство што носи профит
Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Таг:енергијазголемувањеМицкоскицената
Претходен напис Серафимовски: Нема повеќе земјоделство што преживува, време е за производство што носи профит
Следен напис Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?