Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3 проценти, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3 проценти, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност
Агровести

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3 проценти, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

Објавено 10/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дали Владата ја следи состојбата со инфлацијата и каков е ставот за тековите изјави дека инфлацијата се спушти под три проценти и оти треба да се стори се за да се одржи ценовната стабилност.

– Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во февруари 2026 година. Јас тоа повеќе пати го најавив во моите изјави, но еве вчера тоа се потврди дека инфлацијата се спушти под 3 проценти, односно е 2,9 отсто и е повторно најниска во регионот. Би рекол една од најниските, ако се има предвид дека Грција е 3 проценти, Бугарија е 3,5 отсто, Косово да речеме во јануари, за февруари нема податок, е 5,8 проценти, Хрватска исто така веќе отиде над 3,8 отсто, Словачка е 4 проценти, Романија е 9 и нешто проценти, така што сите оние политики за коишто баравме трпение, полека, но сигурно, вродуваат со плод, рече Мицкоски по увидот во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. 

Тој изрази очекување дека по утрешниот состанок со дистрибутерите, со ланците на маркети, ќе може да се одржи оваа кондиција и овој тренд да продолжи да се намалува.

– Мислам дека не претставува поголем предизвик за сите нас од тоа да го сочуваме стандардот на граѓаните. Не е можеби доволно, имајќи ја предвид лошата колективна меморија од минатото, но еве за нецели две години се обидовме да се стабилизираме, да застанеме на нозе, да дојдеме до некоја неутрална нула за да можеме потоа да водиме политики на развој и политики онакви какви што заслужуваат граѓаните. Веќе сите параметри во економијата тоа го кажуваат. Ако ме прашате за мој суд, мислам дека треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност, имајќи предвид уште еден факт дека цените на мало се 1,6 отсто зголемени, што е под 2 проценти,1,5 проценти. Тука се оние цени на храна којашто е процесуирана, но и нормална, тука се зеленчукот, овошјето и останатите, рече Мицкоски.

Изрази задоволство од состојбата на базната инфлација којашто, како што посочи, „успеавме да ја смириме и сега треба да продолжиме уште повеќе да се движиме во тој опсег“.

– Мислам дека ќе се движиме оваа година меѓу 2 и 3 проценти, доколку нешто непредвидено не се случи, а не зависи од нас. Ако ова што се случува во заливот потрае, и ако потрае во насока на предизвикување последици по човештвото и по светот, тогаш веќе тоа се работи коишто не зависат од нас. Но, тоа што зависи од нас како Влада, ние тоа го следиме, преземаме мерки, проактивни сме, го контролираме и не дозволуваме осцилации коишто ќе бидат на штета на граѓаните, посочи премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ИнфлацијатаМицкоскипод 3 процентиценовната стабилност
Претходен напис Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
Следен напис Мицковски- Сега бараат 600 па 800 а можеби и 1000 евра минималец. Дел од синдикалните лидери се во „политичко мочуриште“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?