Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицковски- Сега бараат 600 па 800 а можеби и 1000 евра минималец. Дел од синдикалните лидери се во „политичко мочуриште“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицковски- Сега бараат 600 па 800 а можеби и 1000 евра минималец. Дел од синдикалните лидери се во „политичко мочуриште“
Агровести

Мицковски- Сега бараат 600 па 800 а можеби и 1000 евра минималец. Дел од синдикалните лидери се во „политичко мочуриште“

Објавено 10/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако сега бараат 600 евра минимална плата, за некое време и 800 евра ќе бараат, можеби и 1 000, а ние како влада тука сме немоќни. Треба бипартитниот договор меѓу работниците и работодавачите да заврши, така што адресата пред Владата е погрешна адреса“, вели премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на владина седница ќе биде потврден заклучокот од последниот Економско-социјален совет, според кој минималната плата ќе се зголеми на над 26 000 денари.

„Владата цело време размислува околу минималната плата и токму поради тоа го почитуваме законот. Минималната плата ќе натфрли 26 илјади денари“,вели Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата е подготвена да поддржи и повисок износ, но само доколку се постигне консензус во бипартитниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите, додавајќи дека најавените протести пред Владата се упатени на погрешна адреса.

„Ако сега бараат 600 евра минимална плата, за некое време и 800 евра ќе бараат, можеби и 1 000, а ние како влада тука сме немоќни. Треба бипартитниот договор меѓу работниците и работодавачите да заврши, така што адресата пред Владата е погрешна адреса“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето дали има можност владата повторно да размисли околу минималната плата откако за сабота е најавен нов протест на синдикатите, Мицкоски изнесе обвинувања насочени кон раководството на ССМ.

Според него, неколкумина од раководството на ССМ се исполитизирани и манипулираат со јавноста и оти се длабоко навлезени во „политичкото мочуриште“ што го креира опозицијата.

„Прво ја манипулираа јавноста со т.н. минимална потрошувачка кошничка. Еден од авторите излезе и рече дека тоа всушност не била минимална туку просечна потрошувачка кошничка изработена од синдикатот. Неколку пати излегуваа со навреди кон мене, кон владата, со лаги за, не знам, мојата плата колку илјадници евра била“,рече Мискоски.

Премиерот вели дека треба со внимание да се следат пораките што доаѓаат од неколкумина, посочувајќи на Синдикатот на УПОЗ, за чии претставници вели „еден ден се сликаат со владата при потпишување договори, а следниот ден ги блокираат улиците“.

Мицкоски упати апел до граѓаните со внимание да ги следат пораките на синдикалните лидери, за кои рече дека се дел од „сериозни фамилијарни стебла длабоко навлезени во политички талог“.

Извор – Либертас

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:1000 евра600800минималецмицковски
Претходен напис Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3 проценти, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност
Следен напис Исплатени 30 302 543 денари на 243 корисници, како дополнителни субвенции за носители на семејни земјоделски стопанства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?