Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕРМС: Донесен правилник за изработка на општински енергетски план
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕРМС: Донесен правилник за изработка на општински енергетски план
Агровести

МЕРМС: Донесен правилник за изработка на општински енергетски план

Објавено 17/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Службен весник е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план, со кој за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што се става крај на ад-хок пристапот и се воведува ред, предвидливост и рамномерност во развојот на енергетските капацитети во државата, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Правилникот има за цел да им помогне на општините во секој чекор од процесот – од иницијатива до финален план – преку јасно дефинирани насоки, структура и методологија за изработка на општинските енергетски планови.

Како што посочуваат клучни новини се: Инвеститорите кои планираат реализација на енергетски објекти со моќност до 1 мегават, иницијативите ги доставуваат директно до општините каде што сакаат да инвестираат, најдоцна до 1 април; Општините врз основа на пристигнатите иницијативи, сопствените потреби и просторни можности, изработуваат Општински енергетски план и предлог за инвестиции; Подготвените планови општините ги доставуваат до Министерството најдоцна до 15 мај; Министерството, имајќи ја предвид целокупната слика и потребата од рамномерен развој, изготвува годишен план за инвестиции; Општинските енергетски планови се објавуваат на веб-страниците на општините најдоцна до 1 јули, со што процесот станува целосно транспарентен.

-Со оваа нова методологија, општините стануваат клучен филтер и партнер во процесот на планирање, што овозможува инвестициите да бидат усогласени со реалните потреби на граѓаните, инфраструктурните капацитети и локалниот развој. Истовремено, Министерството обезбедува стратешка координација и грижа за балансирано распределување на капацитетите на национално ниво, спречувајќи прекумерна концентрација на проекти во одредени региони и овозможувајќи одржлив и правичен енергетски развој, соопшти МЕРМС.

Нагласуваат дека Министерството веќе го достави правилникот до ЗЕЛС, кој ќе го дистрибуира до сите општини во државата.

-Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува на располагање на сите општини за дополнителни информации, стручна поддршка и појаснувања во врска со примената на правилникот, со цел процесот на подготовка и реализација на општинските енергетски планови да се одвива непречено и ефикасно. За прашања и поддршка, општините можат да се обратат на: [email protected] . Со воспоставувањето на овој систем, за првпат се гради темел за долгорочно, контролирано и стратешко управување со енергетските инвестиции во интерес на граѓаните, општините и економијата, посочуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

МИА

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:МЕРМСопштински енергетски планправилник
Претходен напис Исплатени 3 746 560 денари кон 167 сточари, за предадени грла говеда во кланичен капацитет
Следен напис (ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?