Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонскиот активен туризам со ново видео на Lonely Planet
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонскиот активен туризам со ново видео на Lonely Planet
АгровестиРурален Развој

Македонскиот активен туризам со ново видео на Lonely Planet

Објавено 05/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашата земја во промотивното видео открива активности во недопрена природа, каде луѓето можат да бидат заедно, а сепак на безбедна дистанца, високо во планините или длабоко под водата.

Со двеминутно промотивно видео, Република Македонија е претставена како врвна дестинација за активен туризам во престижниот туристички информатор Lonely Planet. Видеото, кое беше премиерно објавено оваа недела, е дел од посебната секција наречена „Daydreaming during Covid” преку која се инспирира милионската публика од цел свет да посети различни дестинации, вклучително и нашата земја.

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Со него, земјава прв пат се појавува со самостојна објава на престижниот Lonely Planet. До сега, неколку пати сме биле дел од неговите едиторијали и топ-листи заедно со други дестинации од регионот и пошироко.

-Нашата земја во промотивното видео открива активности во недопрена природа, каде луѓето можат да бидат заедно, а сепак на безбедна дистанца, високо во планините или длабоко под водата, искусувајќи го адреналинот и храната, ветрот при едрење или брзината при кајакарење, не изоставајќи ја можноста при тоа да се посетат историските знаменитости, лозови насади, неоткриените села…со една и единствена порака: Најди ја сопствената авантура! #alliNMacedonia, наведува АППТ.

Видеото претставува сиже од 10-те промотивни видеа кои АППТ и ИМЕ ги подготвија во рамки на кампањата „Дома си е дома” и каде се претставени 10 туристички дестинации со конкретни активности и производи како дел од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување, параглајдинг итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Пред неколку месеци, Македонија се најде и на нивната топ листата на 10 најдобри дестинации за посета во 2020: https://www.lonelyplanet.com/video/top-10-countries-to-visit-in-2020/v/vid/1177?tag=bit2020.

Lonely Planet пишува: „Република Македонија е реномирана гастро дестинација и со отпочнување на нови авионски рути, нуди бројни причини за да се истражи. Очекувајте “WOW” вредни локации за пешачење низ драматични врвови и недопрени природни чуда.”

-Овие активности се дел од заедничките напори на АППТ и програмата ИМЕ за поддршка и промоција на туризмот во Македонија и претставување на земјата како врвна дестинација за активен туризам пред домашните и странските гости. Очекувањата за наредната 2021ва година е активниот туризам да биде во фокусот на домашните и странските туристи, што ултимативно ќе помогне за развој на малите бизниси и креирање на нови работни места, помагајќи и на туристичката индустрија да постигне повисок степен на самоодржливост, стои во соопштението од Агенцијата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активен туризамАППТмакедонски туризамтуристички информации
Претходен напис ИПАРД фондови: Мерка 7 -Диверзификација на фармите и развој на бизниси
Следен напис До крајот на неделава нестабилно време, со честа појава на врнежи и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?