Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Хрватска: Имаме 400.000 хектари неискористено земјоделско земјиште кое бргу можеме да го ставиме во функција


„Идентификувавме 400.000 хектари неискористено земјоделско земјиште кое во најкус можен рок би можело да започне да се обработува и да се користи за производство на храна“ , наведуваат од Институтот за применета екологија од Загреб.

„ Да ги изораме  хрватски полиња“ е иницијатива која ја започна  Институтот за применета екологија во Загреб. Имено, нивните експерти и стручни соработници направија прелиминарна просторна анализа на потенцијалните земјоделски обработливи површини  во Република Хрватска.

” Идентификувавме 400.000 хектари неискористено земјоделско земјиште кое во најкус можен рок би можело да започне да се обработува и да се користи за производство на храна . Неискористено е сето она што земјиште кое би можело да се користи за земјоделска дејност , а во моментот е обраснато или едноставно не е искористено. Во тој прелиминарен преглед на  обработлива земја има и такви површини кои се миниран, но сите сомнителни мински полоња поради сигурност ќе бидат исфрлени од новата и детална картана на која забрзано се работи и се очекува да биде готова за десеттина дена“ -стои во известувањето издадено од Др. Владимир Кушан.

Како што објаснуваат, ако се процени дека по глава на жител е потребно 1 квадратен метар обработлива површина дневно, односно дека 1 хектар би можел да прехрани 27 луѓе во текот на една година, според прелиминарните пресметки со оваа површина од 400.000 хектари би можеле да се прехранат речиси 11 милиони луѓе годишно.

„ Оваа бројка секако е значително помала бидејќи тука секако мораме да имаме  во предвид дека дел од земјата на оваа карта нема да може да се искористи и дека сите потенцијално искористливи земјишта не се идентично плодни, но овој податок ни е многу добар показател дека Хрватска има многу големи можности и потенцијали за прехранување не само на своите граѓани туку и за производство на храна и сировини за извоз.“ објасни Доц. Др. Хрвоје Кутњак од Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Загреб.  

Од институтот воедно ги повикуваат сите кои што сакаат и можат да придонесат да се приклучат на иницијативата насловена„Да ги изораме хрватските полиња“! „Секое зло за добро. Да ја искористиме оваа можност и да го мобилизираме хрватскиот земјоделски потенцијал. Да ги изораме хрватските полиња. Да ги уредиме пасиштата и да ги наполниме со животни. Но мора да започнеме веднаш!“ нагласува Далибор Хатиќ , директор на ОИКОН.

Извор : Агроклуб

Апр 3, 2020agrotim2
Хемометал за земјоделците - нов трактор со одложено плаќање до 60 месециМенаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за КОВИД 19

Напишете коментар Откажи одговор

03/04/2020 АгровестДа ги изораме нивите, Земјодество, Обработливи површини, Хрватска971

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019