Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меморандум на Стопанската комора и ДКСК за заедничка борба со корупцијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Меморандум на Стопанската комора и ДКСК за заедничка борба со корупцијата
Агровести

Меморандум на Стопанската комора и ДКСК за заедничка борба со корупцијата

Објавено 25/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанската комора на Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска потпишале Меморандум за соработка во борбата со корупцијата. Како што соопшти Комората, иницијативата е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“ поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

-На состанокот, кој се одржа во просториите на Стопанската комора, беа презентирани активностите на Стопанската комора во рамки на проектот, вклучително и резултатите од анкетата што Комората ја спроведе за изложеноста на компаниите на коруптивни барања од јавниот сектор во 2023 година. Беше дискутирано и за обуките за бизнис интегритет, кои се дел од проектот, а опфаќаат поставување систем за интегритет во компаниите, усогласување со меѓународните и европските стандарди, примена на мерки за спречување на корупцијата и поттикнување на етичка деловна средина, соопшти Стопанската комора. 

Меморандумот за соработка го потпишале претседателот на Комората, Бранко Азески, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Тој предвидува одржување средби меѓу претставниците на двете институции, со можност за вклучување компании членки на Комората и други релевантни институции со надлежности за спречување на корупцијата.

-Оваа рамка за соработка опфаќа учество во работни групи заради промена на законска и друга регулатива од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и учество во изготвувањето на новата национална стратегија за спречување на корупцијата и имплементација на активностите од истата. Меморандумот предвидува соработка при реализација на настани – јавни дебати, работилници, конференции, тренинзи насочени кон зголемување на свеста кај јавноста за прашања поврзани со спречување на корупцијата и јакнење на интегритетот, се наведува во соопштението. 

Стопанската комора информира дека Програмата „Граѓаните против корупцијата“ е предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка, поддржана од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а се реализира преку Конзорциум на разновидни учесници, меѓу кои и Комората како претставник на приватниот бизнис-сектор.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДКСКкорупцијатаМеморандумСтопанската комора
Претходен напис Трипуновски за субвенционирањето на тутунот: Препораките се едно, а тоа што ние го креираме како држава е сосема друга работа
Следен напис Митко Јанчев: Македонија добива нов скијачки центар ,,Михајлово”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?