На 1 и 2 Октомври 2020 година во Нови Сад ќе се одржи меѓународна инвестициона конференција со наслов SEE ENERGY – Connect & Supply II 2020. Конференцијата ја организира, Националната Асоцијција за биомаса – SERBIO, во соработка со AMBEROM i GIZ DKTI, а логистички партнер на истата е Info Tim Logistike од Нови Сад.
Главна цел на конференцијата е поттикнување, развој и реализација на инвестициски проекти за производство на чиста зелена енергија во земјоделството и градежништвото. Конференцијата ќе се одржи во хотелот „SHERATON“ во Нови Сад. Планирано е да учествуваат повеќе од 200 учесници од околу 100 компании од Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Унгарија, Германија, Романија, Словачка, како и претставници од државните и покраинските институции, стопански комори, асоцијации, инвестициски и комерцијални банки.
Во фокусот на конференцијата ќе бидат следните теми:
-Биомаса /Земјоделство, дрво, биоразградлив комунален отпад
-Финансиска и институционална поддршка на инвестициските проекти
-Технологија-презентација од страна на компаниите
-Инвестициски потенцијал-заработка и заштеда –„соларна електрана за секој покрив“
-Енергетска ефикасност-греење/ладење,во пресрет на новата грејна сезона
-Топлинска енергија
-Енергетска ефикасност во градежништвото
Доколку сте заитересирани да ја презентирате Вашата технологија или Вашиот проект на SEE ENERGY платформата , можете да се пријавите на следната е-mail адреса [email protected] кај менаџерката на овој проект Јелена Бунчиќ.
