Во саботата на 22 јуни во Битола, претставници од здружението на пчелари „Нектар“ – Битола на посебна средба со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Методија Илиевски се запознаа за новиот повик за мерка “121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од програмата за Рурален развој.

-Сите кои во период од 1 октомври до 31 декември 2019 година набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од програмата за Рурален развој. Право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, рече Никола Бабовски.
Извор:bitolanews.mk