Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бавно заздравуваат прекинатите синџири за снабдување со храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бавно заздравуваат прекинатите синџири за снабдување со храна
АгровестиПазари

Бавно заздравуваат прекинатите синџири за снабдување со храна

Последна измена: 22/06/2020 11:19
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Пандемијата на вирусот COVID19 ги прекина синџирите за снабдување со храна во Европа, но во следните неколку месеци се очекува бавно заздравување во таа индустрија, беше кажано вчера на регионалот семинар „Прехранбено-преработувачки сектор – можна стратегија за централна и источна Европа“.

Сепак, регионот на централна и источна Европа, економски е помалку зафатен од последиците на кризата предизвикана со COVID 19 од другите региони во Европа, беше речено на семинарот. Дискусиите ги организираа француските земјоделски комори во соработка со Унгарија, Полска,Романија, Србија, Чешка, Словачка и Хрватска, а претставници на прехранбено – преработувачкиот сектор укажаа дека тој сектор е многу значаен за прашањето за сигурноста на храната за Европа кога станува збор за достапност на производите.

Исто така беше истакнато дека тоа е основа за економската стабилност и одржливиот развој во Европа.

Јакуб Олипра од Одделението за макроекономска анализа во Полска, наведе дека поради корона вирусот дошло до прекин на синџирот за снабдување со храна во Европа, како и дека е забележан широк пад на производството на храна, кој беше проследен со зголемување на залихите. Ударите предизвикани од пандемијат врз индустријата за храна, како што вели тој, во секоја европска земја зависеле од рестрикциите кои ги вовеле нивните влади, потоа од изложеноста на извозот и структурата на потрошувачката на храна.

– „Наредните месеци ќе дојде до постепено заздравување во индустријата за храна во Европа во склад со попуштањето на рестриктивните мерки и зголемувањето на економските активности, како и повторно воспоставување на синџирите за снабдување со храна“, навел Олипра.

Тој уште укажува дека проблемите со корона вирусот би можеле да предизвикаат протекционзиам, како и дека голем број компании во тој сектор ќе ги променат своите стратегии за да обезбедат сигурна продажбата на своите залихи.

Шефот за имплементација на регионалните иницијативи во земјоделската трговија во ООН за храна и земјоделство (FAO) Мери Кени, изјави дека таа организација е многу активна во овој регион по прашање на актуелната ситуација и да им помага на државите во агросекторот. Таа изјави дека минатата година акцентот бил на структурните реформи на политиката, но и дека и понатаму јавната потрошувачка во агросеторот е релативно мала, ако се спореди со неговото значење за економијата.

Шефот на меѓународната канцеларија за средна и источна Европа, Доминик Сигрос изјавил дека во регионот особено се заинтересирани за Романија, Србија и Полска. Истакнал дека е очигледно дека регионот на централна и источна Европа е помалку погоден од другите региони кои се посериозно економски потресени.

Извор: Agronews

Може да ви се допадне

Трипуновски од Прилеп: Дефектот на водоводната цевка ќе биде саниран во најбрз можен рок
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Таг:европасеминарСинџир на хранафаохрана
Претходен напис Лимелон- нова сорта на овошје на европскиот пазар
Следен напис Меѓународна инвестициона конференција – SEE ENERGY – Connect & Supply II 2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?