Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто Доналд Трамп му се заканува на “Џон Дир“?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зошто Доналд Трамп му се заканува на “Џон Дир“?
Агровести

Зошто Доналд Трамп му се заканува на “Џон Дир“?

Објавено 25/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Џон Дир“ најави деловен потег кој предизвика остра реакција на поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот му се закани на „Џон Дир“ со царина од 200 отсто доколку производителот на земјоделски машини го пресели производството во Мексико, објави CNBC.


„Пред неколку дена објавија дека голем дел од своето производство ќе префрлат во Мексико“, рече републиканскиот кандидат на претстојните избори на тркалезната маса во Пенсилванија, организирана од иницијативата „Заштита на Америка“.

„Го известувам „Џон Дир“, ако го направите тоа, ќе ставиме тарифа од 200 отсто за се што сакате да продадете во САД“, предупреди Трамп, кој ги направи тарифите клучна точка на неговата кампања за економска политика за претстојните избори на 5 ноември.


Тој вети дека ќе воведе слични тарифи за други компании кои ќе изберат да ги преселат производствените операции надвор од САД. Претходно оваа година, „Џон Дир“ ги објави плановите да го префрли производството на одредени модели во Мексико, што резултираше со отпуштања во Илиноис.

„Тие мислат дека ќе направат поевтини производи во Мексико и потоа ќе ги продаваат по иста цена како порано, заработувајќи многу пари ослободувајќи се од нашата работна сила и нашите работни места“, рече поранешниот претседател. Ако победи на изборите, тој очекува „Џон Дир“ да ја повлече својата одлука.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:доналдмексикотракториТрампЏон дир
Претходен напис Викендов во Кочани ќе се одржат традиционалните „Денови на кочанскиот ориз“
Следен напис МАЗЗ на средба со европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчиеховски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?