Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мартин, Дејан и Филип од Авифлај ефикасно детектираат болести на земјоделски посеви со помош на дронови!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Мартин, Дејан и Филип од Авифлај ефикасно детектираат болести на земјоделски посеви со помош на дронови!
Механизација

Мартин, Дејан и Филип од Авифлај ефикасно детектираат болести на земјоделски посеви со помош на дронови!

Објавено 15/03/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Употребата на дронови во земјоделското производство, опремени со најмодерна технологија е тренд во светот, а обезбедувањето одржливост и еколошки начин на производство на храна е предизвик и за многу развиени држави. Македонија е позната по својата плодна почва и одличните услови за органско земјоделство. Иако традиционалните начини на одгледување храна се сѐ уште најзастапени, македонските земјоделци сѐ повеќе имаат на располагање најмодерни технологии, кои се развиваат и од домашни, македонски компании.

Мартин Михајлов е соосновач на стартапот Авифлај заедно со Дејан Михајлов и Филип Ковилоски. Тој вели дека користат најсовремени дронови, а во моментов развиваат и решение за автоматска детекција на болести базирано на вештачка интелигенција. Дроновите веќе се користат на нивите низ земјата за скенирање и анализирање на земјиштето, детектирање болести, штетници и недостатоци на хранливи материи, врз основа на кои се утврдува соодветен третман на посевите.

Новинар – Сања Наумовска – Иновативност.мк

Мартин, вашиот стартап Avifly работи на дизајнирање технологија за употреба на дронови во земјоделското производство. Објаснете ни за што точно станува збор?

Авифлај (Avifly) е стартап создаден од љубопитност, иновација и потребата да го направиме земјоделството попрецизно, поефикасно и поодржливо. Нашата мисија е едноставна, но амбициозна – користење на најсовремени дронови и вештачка интелигенција за да им помогнеме на земјоделците да добијат подобри приноси со помалку трошоци и помал еколошки отпечаток.

Во суштина, Avifly комбинира напредна беспилотна технологија (дронови) со интелигентни софтверски решенија. Нашите дронови, како DJI Agras T50 и Mavic 3M, не се само машини што летаат – тие се мобилни лаборатории опремени со мултиспектрални камери, прецизно ГПС насочување, системи за прецизно нанесување на препарати и прихрана. Ова ни овозможува да скенираме обработливи површини, да детектираме болести, штетници и недостатоци на хранливи материи, а потоа прецизно да ги третираме само засегнатите делови од нивите.

Ваквиот пристап со дронови кон одгледувањето на храна, на земјоделецот ќе му даде голем чекор кон заштеда на трошоците и времето. А со тоа ќе биде многу по конкурентен во однос на останатите.

Какви информации може да добие еден земјоделец кој ќе користи ваков тип на технологија?

Најпрво, земјоделецот добива детална мапа на целото негово земјиште со скенирање со дрон со мултиспектрална камера. Од тука, со помош на специјализиран софтвер може да добиеме прецизни информации за секој дел од земјиштето или посевот. Практично е исто како да сте внатре во нивата, а дополнително на тоа, се добива информација што не може да се види со голо око. Ваквите мапи на земјоделецот му даваат можност да види што се случува со посевот – пред време. Овие информации можеби нема да им бидат од голема корист на некои земјоделци и затоа, тука доаѓа и другото решение. Третирање со дрон.

Овие дронови со капацитет од 40 литри може да испрскаат околу 15 хектари за еден час, а може да нанесуваат зрнеста прихрана или семиња до 1500 килограми на час, што е многу побрзо отколку со трактор.

До сега, ваквите начини на третирање и анализа на земјиштето биле скоро па и недостапни за земјоделците. Но, со помош на овие дронови, трошоците за ваквите услуги е драстично намалена, односно пониска отколку со трактор.

Работите и на надградување на веќе прифатената технологија која се користи во светот со софтвер за за детекција на болести. До каде е развојот?

Покрај директната можност што ја нудиме на земјоделците со дроновите, она на што во моментов работиме, е и софтверско решение за автоматска детекција на болести. Софтверот кој е во почетна фаза, го развиваме со вештачка интелегенција, кој ќе овозможи автоматска детекција на болести, а во следната фаза, и предвидување на болести кои ќе се појават на посевот. Анализата се прави од фотографии од дрон, кои имаат регуларна (RGB) камера, а исто така и мултиспектрална камера. Тука агрономите играат клучна улога во развивањето на овој софтвер, кои помагаат да се дојде до точен и функционален софтвер. Затоа, Авифлај е отворен за секој агроном што сака да се вклучи во развивање на ваквото решение. Голема поддршка за развој на нашата идеја добивме и од страна на ГИЗ- GIZ North Macedonia – The German Society for International Cooperation, како финансиска, така и со нивната стручност и искуство во руралниот развој во Македонија.

Какви ќе бидат придобивките за производителите од користењето на дронови за скенирање на посевите?

Земјоделците најдобро знаат колку е важно навремено да се препознае проблемот на нивата – секој ден задоцнување може да значи загубен принос. Со ваквите дронови, производителите добиваат „очи од небото“ – прецизно скенирање на посевите со мултиспектралникамери, кои во реално време покажуваат каде има болести, недостатоци на хранливи материи или проблеми со наводнувањето. Наместо да се третира целата нива на слепо, нашите алгоритми овозможуваат прецизна апликација на заштитни средства, што ја намалува потрошувачката на пестициди и ѓубрива за 30-50%. Ова не само што ги намалува трошоците, туку и ја штити почвата и водата од прекумерна контаминација, што е во согласност со новите еколошки стандарди на ЕУ. Дополнително, земјоделците заштедуваат време и работна сила, бидејќи дроновите брзо покриваат големи површини, елиминирајќи ја потребата за физичко проверување на секој агол од нивата. Користејќи ги овие податоци, производителите носат подобри одлуки, минимизираат загуби и го зголемуваат приносот, што им овозможува да бидат поконкурентни на пазарот. Ова не е само технолошки напредок – ова е нов начин на размислување за земјоделството, каде што дигиталните алатки стануваат неопходни исто како тракторот или системот за наводнување.

Во кои земјоделски гранки може да се користи оваа технологија?

Инатервјуто во целост на Иновативност.мк

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Таг:Дроновиеустандарди
Претходен напис АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
Следен напис Земјоделството како животен повик – Клара Алшиќ помеѓу училиштето и полето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?