НАЈК ПРОМ ДООЕЛ, како генерален и директен увозник на TURAN TARIM, нуди широка програма на плугови за мали, средни и големи земјоделски стопанства.
Овој производител се издвојува од другите турски производители по тоа што е специјализирана фабрика со повеќе од 90 години традиција во производството на висококвалитетни и современи плугови.

Во понудата се достапни:
- Класични конвенционални плугови со 2, 3, 4, 5 и 6 тела, во сите расположливи работни големини од 8 до 20 инчи;
- Гарден плугови за помали трактори, овоштарници, лозја и помали парцели;
- Целосно автоматски – Full Automatic плугови, со автоматска заштита на работните тела при наидување на камен, корен или друга пречка;
- Реверзибилни плугови – обраќачи, за орање во двата правци, помалку празни движења и порамномерно обработена површина.

Плуговите TURAN TARIM се одликуваат со цврста конструкција, едноставно подесување и сигурна работа во различни почвени услови. Соодветниот модел се избира според моќноста на тракторот, типот на почвата, потребната работна ширина и длабочината на орање.

Тимот на НАЈК ПРОМ обезбедува професионална консултација, сервисна поддршка и резервни делови.
Во продолжение е тековната понуда со перформанси и цени достапна на залиха.

Напомена, прикажаните цени се за ориентација.
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и подршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, ArmaTrac, POLARIS, INDIAN, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, LONG FENG, Turan Tarim, Palazoglu, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
