Марко Раиќ израснал на белградскиот асфалт, меѓутоа иако е градско дете, отсекогаш копнеел за природата и селото. Сакал да започне земјоделско производство, но не знаел како. Пред три години, сосема случајно навлегол во светот на печурките.
– „Имав празна гаража и мојот тетин ме замоли да одгледува во неа шитаке печурки бидејќи слушнал дека од тоа може добро да се заработи. Меѓутоа, кога виде дека од тоа нема многу пари, тој се откажа, но јас продолжив“, објаснува Марко.
Од многуте производи од печурки, ја издвојува чадената буковка
Во производството, налмногу му помага неговиот брат, а за одгледувањето на печурки учи од еден пријател кој веќе подолго време се занимава со овој бизнис. Во гаражата на Марко има повеќе сорти на печурки, како на пример шитаке, буковка, брестовка… Марко има намера ова да му стане примарна работа, но како што вели треба доста вложување и повеќе време за тоа да се постигне.
– „Јас сум електричар и ова ми е дополнителна работа. Сакам да го развијам овој бизнис и да живеам само од него. Перспектива постои но потребни се големи вложувања. Само од свежи печурки не може да се опстане бидејќи се евтина и расиплива стока, па морам многу брзо да ги продадам од моментот кога ќе ги соберам. Свежи ги доставувам дури и на домашна адреса на купувачите, меѓутоа преработките секако носат повеќе приход. Барав начин да ги искористам сушените печурки, а медот со печурки се покажа многу добар“, вели тој.
Марко запчнал да прави и свои производи од печурки. Ја издвојува чадената буковка во прав, која се користи како зачин и има мирис сличен на чадено месо. Сепак, нешто најспецифично и препознатливо е медот со печурки.
– „Откупувам мед од еден пријател кој има пчели. Го користам исклучиво медот од маслодајна репка бидејќи брзо се кристализира и кога ќе се соедини со печурките се добива компактна маса. Ако се прави со багремов или некој друг мед, печурките ќе се подигнат над површината и секогаш пред консумирање ќе мора да се измеша. Медот од маслодајна репка заеднно со печурките брзо се згуснува и нема потреба да се меша“, објаснува Раиќ.
Тајната на лековитоста на неговите печурки
Досега мешал сушени и мелени печурки со мед, кои стојат еден месец и дури после тоа можат да се консумираат. Неодамна, почнал да прави сируп од печурки и да го комбинира со мед, кој може веднаш да се користи.
– „ За да се направи сирупот, треба печурките термички да се обработат. Со варење на температура помеѓу 80 и 90 степени се растура нивниот клеточен ѕид и така ефектот е поголем. Ги варам три часа, ги цедам, го фрлам сувиот остаток и продолжувам да варам уште 8 до 10 часа додека не испари водата. Така добивам густа маса, односно сируп“, објаснува Марко.
Реакцијата на луѓето кои го пробале овој мед , но и некои други производи што тој ги прави, се многу позитивни, а ги купуваат најчесто луѓе кои имаат здравствени проблеми.
– „Луѓе кои имале алергија, после 15 до 20 дена консумирање на моите производи велат дека повеќе немаат такви проблеми. Една жена која осум години секое утро, кивала и кашлала, ми се јави после три недели и рече дека и поминало. Еден човек ми јави дека простатата му била мнгоу подобра откако јаде мед со печурки. Девојка која оди на хемотерапија вели дека успеала да го подигне нивото на леукоцити благодарение на екстрактот од печурки кој го правам во вид на капсули. Тие се лековити, ама тоа кај нашиот народ е многу малку познато. Има ефект, печурките се чудо“, вели тој.
Производите се достапни преку цела година
Купувачи има претежно од Белград, но и од други градови во Србија. Почнале да му се јавуваат и од странство.
– Во странство сеуште не сум испратил, но ме бараа од Америка, Швајцарија, Австрија. Неодамна добив добив повик и од Англија. Најмногу луѓето се јавуват од здравствени причини и чувството кога знам дека сум успеал некому да помогнам е незаменливо, тоа е најголем успех за она што го работам“, заклучува овој одгледувач.
Побарувачката за печурки и преработки од нив, е најголема во есенските и зимските месеци. Повеќето одгледувачи на печурки го намалуваат производството во летните месеци поради помалата побарувачка, но Марко во својата гаража во Белград ги прилагодува условите за производство и се бори со сите потешкотии за да може на потрошувачите да им обезбеди производи во секој период од годината. Покрај споменатите производи, тој прави чаеви и сокови од печурки.
Извор: Agroclub