Нема земјоделец што не сака нова механизациjа, тоа му ја олеснува работата и ја зголемува профитабилноста.
Земјоделскиот производител Марјанчо Цветкоски од Прилеп, го следиме неколку години во неговото производство на тутун но и други земјоделски производи.

Со сопругата Христина се целосно посветени на земјоделското производство и резултатите се гледаат. Годинава станаа сопственици на трактор Солис 90 од Хемометал кој го добија преку ИПАРД програмата.

За годинава има спремно 10 тона тутун со одличен квалитет, подобар од лани и затоа очекува и повисока цена.
Овие денови ги подготвува нивите за пролетна сеидба и вели дека со нова механизација е мерак да се работи.
-Со нова механизација е задоволство да се работи на нивите. Без современа механизација нема добри приноси и успех – вели Марјанчо.

Посакуваме успешна сезона и богат род!
