Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјата на пат кон втората најтопла година во историјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјата на пат кон втората најтопла година во историјата
Агровести

Земјата на пат кон втората најтопла година во историјата

Објавено 09/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Планетата Земја е на пат да ја забележи 2025 година како втора најтопла во историјата на мерењата, изедначувајќи се со 2023 година, по историскиот максимум од 2024 година, соопшти денеска европската служба за следење на глобалното затоплување.

Последните 10 години беа 10-те најтопли години откако се вршат мерења, објави претходно годинава Светската метеоролошка организација.

Податоците на службата за климатски промени Коперникус потврдуваат дека глобалните температури се на пат да го надминат прагот од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, што е граница утврдена во Парискиот климатски договор од 2015 година.

Температурите од јануари до ноември пораснале во просек за 1,48 степени Целзиусови и „во моментов се изедначени со 2023 година како втора најтопла година во историјата“, според месечното ажурирање на службата.

– Тригодишниот просек за периодот 2023 – 2025 е на пат првпат да надмине 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период 1850 – 1900 година, кога луѓето почнале масовно да согоруваат фосилни горива во индустриски размери, изјави во соопштението Саманта Берџис, стратешки раководител за клима во Коперникус.

– Овие пресвртници не се апстрактни – тие го одразуваат забрзаниот ритам на климатските промени и единствениот начин за ублажување на идниот пораст на температурите е брзо намалување на емисиите на стакленички гасови, рече Берџис.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во октомври предупреди дека светот нема да може да го ограничи глобалното затоплување под 1,5 степени Целзиусови во наредните неколку години.

Минатиот месец беше третиот најтопол ноември во историјата на мерењата со 1,54 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, според Коперникус, со просечна температура на воздухот на површината од 14,02 степени Целзиусови.

Таквите постепени порасти може да изгледаат мали, но научниците предупредуваат дека веќе ја дестабилизираат климата и ги прават невремињата, поплавите и другите катастрофи поинтензивни и почести.

– Месецот беше обележан со низа екстремни временски настани, вклучувајќи тропски циклони во југоисточна Азија, кои предизвикаа катастрофални поплави и загуба на човечки животи, наведува Коперникус.

За Европа ова беше петтиот најтопол ноември досега забележан, со просечна температура од 5,74 степени Целзиусови.

Додека источна Европа, Балканот и Турција забележаа невообичаено високи температури, условите во Скандинавија и јужна Германија беа релативно ладни.

Само три претходни есени во Европа биле толку топли како оваа.

Филипините во ноември ги опустошија два последователни тајфуни во кои загинаа околу 260 луѓе, додека Индонезија, Малезија и Тајланд ги погодија големи поплави.

Просечната глобална температура за есента на северната хемисфера (септември – ноември) исто така беше трета највисока во историјата, по 2023 и 2024 година.

– Температурите беа главно над просекот низ целиот свет, особено во северна Канада, над Арктичкиот океан и низ Антарктикот, наведува Коперникус, додавајќи дека во североисточна Русија биле регистрирани значајни ладни аномалии.

Коперникус ги врши мерењата со милијарди сателитски и метеоролошки податоци, на копно и на море, а нивните податоци се протегаат до 1940 година и се споредуваат со глобалните температурни записи од 1850 година.

Глобалните температури сè повеќе се поттикнати од емисиите на гасови што ја загреваат планетата, главно од фосилни горива кои масовно се согоруваат од индустриската револуција.

Нациите на климатскиот самит на ОН КОП28 во Дубаи во 2023 година се договорија за транзиција од фосилни горива, но амбициите оттогаш стагнираат.

Конференцијата за клима КОП30 во Белем, Бразил, заврши минатиот месец со договор со кој се избегна нов, експлицитен повик за постепено укинување на нафтата, гасот и јагленот, по приговорите на земјите-производители на фосилни горива.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вторатаЗемјатаисторијатанајтопла година
Претходен напис Марјанчо Цветкоски: Со нова механизација да ти е мерак да работиш на нива!
Следен напис Димитриеска Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?