Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство
Саеми и манифестации

Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство

Објавено 01/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, присуствуваше на отворањето на првиот Меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

-Балканот е отворен за соработка, развој, напредок и градење нови пријателства кои сигурно обезбедуваат просперитет за граѓаните и водат кон Европската Унија, испрати порака на својот Фејсбук профил вицепремиерот Маричиќ.

Автентичноста на нашите производи произведени од македонските земјоделци, претставени на овој саем, ја отсликуваат нашата традиција и култура, смета Маричиќ.

Според него македонските производи поради препознатливоста и единственоста, ги прави конкурентни и барани не само на регионалните, туку и на светските пазари.

Маричиќ додава дека Владата ќе продолжи дополнително да дава поддршка за стопанството преку отворање на нови можности за интегрирање на македонскиот во европскиот пазар.

Извозот, откупот, новите пласмани на пазарите во регионот и Европа на македонските храна и вина се поддржани преку програмата ИПАРД која директно придонесува за подобрување на пазарната ефикасност и за приближување до стандардите на ЕУ во земјоделско-прехранбениот сектор, како и за развој на економијата во руралните средини, истовремено придонесувајќи за зајакнување на домашната економија.

-Во периодот 2014-2020 год. преку ИПАРД II програмата беа обезбедени 60 мил.евра, од кои во првата половина од годината беа исплатени речиси 50% од вкупниот износ. До крајот на 2023 год., односно до затворањето на ИПАРД II, очекуваме оваа стапка значително да се зголеми, имајќи предвид дека договори со потенцијалните корисници се склучени за целиот износ на Програмата.

Поддршката за земјоделско-прехранбениот сектор и економијата во руралните средини ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

На Саемот во Белград од Македонија учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, како и повеќе од 10 производители на храна од Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Македонската туристичка понуда пак е претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и е фокусирана на македонскиот етно-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена
Во изградбата на дистрибутивниот центар на Лидл се користат придобивките од Отворен Балкан за слободно движење на работна сила
Таг:винска визијамаричиќотворен балкан
Претходен напис Ковачевски ги посети македонските штандови за вино: Македонските вина со огромна промоција
Следен напис Огревното дрво на ЈП „Национални шуми“ поскапено за 20 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?