Африканската свинска чума повторно избувна во Германија, на две фарми за свињи во источната провинција Бранденбург, објави сојузното Министерство за земјоделство на Германија.
Според top agrar, заразените животни потекнуваат од фарма во областа Spree-Neisse, каде што органски се одгледуваат 200 животни, а сите тие ќе бидат усмртени. Втората инфекција избувнала на мала фарма со само две свињи во областа Меркиш-Одерланд.
Според федералното Министерство за земјоделство (БМЕЛ), регионализацијата во Европската Унија, а со тоа и можноста за трговија со свињи и свинско месо во рамките на оваа заедница, сè уште постои. Меѓутоа, извозот во трети земји веројатно повторно ќе биде во опасност.
Сè полошо е во Полска
Двете германски фарми се наоѓаат во близина на полската граница, а надлежните ветеринарни власти веднаш ја блокирале и ги презеле сите мерки за заштита.
„Скоро една година се бориме против притисокот на епидемијата Африканска свинска чума од Полска, поставена е заштитна ограда долж Одра и Најса, но сепак имаме области каде што сè уште треба да се бориме против оваа болест“, рекла Урсула Нонемахер, министерка за заштита на потрошувачи во Бранденбург.
Во Полска ситуацијата навистина ескалира. Европската комисија стави уште десетина општини во црвената зона на ризик од појава на оваа болест. Споредувајќи го годинешниот тек на Африканската свинска чума со податоците од минатата година, ситуацијата може да биде многу полоша.
Како што известува farmer.pl, до средината на јули 2020 година, таму се забележани шест епидемии на болеста, а скоро 34 илјади животни умреле или биле усмртени со цел да се спречи ширењето. Сепак, оваа година има веќе 24 случаи со над 24.500 угинати или еутанизирани животни, а болеста се шири со зголемена брзина.
Избивањето на болеста може да го следите и на интерактивна карта:
Извор: agroklub.rs