Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од панелот на Економскиот форум: Разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и со регионалната соработка отвораат нови работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од панелот на Економскиот форум: Разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и со регионалната соработка отвораат нови работни места
Агровести

Од панелот на Економскиот форум: Разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и со регионалната соработка отвораат нови работни места

Објавено 29/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Нема зошто камионот да чека на границата на Северна Македонија, ако носи стока од Албанија за Србија. Загубите што се прават со отворање на границите, треба да се претворат во средства за нови инвестиции за отворање на нови бизнис потфати што отвораат нови работни места“, истакна премиерот Заев на панелот на Економскиот форум за регионална соработка, на која учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот Еди Рама, како и претседателите на стопанските комори од Албанија, Србија и Северна Македонија.

Панелот беше насочен кон интересот на деловните луѓе од регионот кои во голем број учествуваа на форумите за поврзување и кои изразија силна поддршка за новите конкретни проекти што ги предвидува иницијативата.

Претставниците на стопанските комори на трите земји соопштија дека ќе формираат заедничко тело што ќе ја мониторира имплементацијата на преземените мерки и активности како и напредокот на придобивките.

Тие порачаа дека очекуваат колоните камиони конечно да исчезнат од границите и дека преземените активности ќе ја остварат оваа цел.

Стопанствениците изразија поддршка и за меморандумите во кои се исцртани насоките за слободно движење на работната сила низ регионот без пречки и за остварување на политиката за една работна дозвола за целиот регион и признавање на квалификациите со што ќе се создадат услови младите да се задржат во регионот.

„Тука сме и да разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и го полнат буџетот. Отворени сме за сите добри идеи и имаме силна политичка волја и јас и претседателот Вучиќ и со премиерот Рама. Да ги отстраниме сите причини кои ги создаваат колоните камиони на границите. Ќе ги интензивираме процесите за дигитално поврзување за проверка на сите документи и за поврзување на софтверите за ДДВ. Тоа ќе го покрие целиот регионален простор и границите ќе станат прашање на време кога конечно ќе бидат тргнати“, истакна премиерот Заев на панелот.

На панелот беше детално објаснета идејата за поттикнување на комуникацијата меѓу младите луѓе, ученици, студенти, со соодветни програми за поврзување со што ќе се продолжат сезоните во туристичките центри во Албанија, Србија и Северна Македонија.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ истакна дека отворените граници се потенцијал за создавање дополнителна пријателска атмосфера која е стимулативна за поврзување не само на деловните заедници, туку и меѓу обичните луѓе и граѓани.

„Ова не е иницијатива на неколку политичари, ова е иницијатива за иднината на сите граѓани од целиот регион“, потенцираше претседателот Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама истакна дека во трите земји веднаш ќе започнат подготовките за применливост на одредбите од меморандумите што денеска ги потпишаа трите влади.

„Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан што денеска ќе го потпишеме е првиот чекор во таа насока. Парадоксално е ние да ги признаваме работните дозволи од ЕУ, а да не си ги признаваме работните дозволи меѓу нас“, потенцираше премиерот на Албанија Еди Рама.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економски форумотворен балканпанел
Претходен напис Африканската свинска чума повторно избила на германските фарми, а ситуацијата во Полска ескалира
Следен напис „Отворен Балкан“ е новото име на регионалната иницијатива за силен импулс за поттикнување на регионалната соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?