Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонски производители претставени на економска конференција во Будва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Македонски производители претставени на економска конференција во Будва
Саеми и манифестации

Македонски производители претставени на економска конференција во Будва

Објавено 28/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од дваесет македонски производители од прехранбената индустрија во изминатите два дена ги претставија своите производи на „Македонскиот корнер“ во рамки на економската конференција во Будва организирана од Стопанската комора на Црна Гора. Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите синџири на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници на ХОРЕКА-секторот.

-Нашата цел е на практичен начин да ја поттикнеме регионалната трговија, посебно за микро, малите и средните компании, кои се соочуваат со бариери во извозот. Работиме со компаниите на нивна подготовка за пласман на црногорскиот пазар, го помагаме воспоставувањето директен контакт со ланците на супермаркети и им даваме експертска поддршка во процесот на преговори за влез на пазарот, изјави Зоран Мартиновски, претседател на консултантската компанија „PrimePoint Partners“.

Според Сашко Антовски, сопственик на компанијата „Extra Fungi“ од Кочани, голем дел од македонските компании не се фокусирани на црногорскиот пазар, но имајќи го предвид бројот на туристи, смета дека овој пазар може да биде од огромна важност за македонските производители кои сакаат да ги тестираат своите извозни потенцијали.

-Нашата компанија е во финална подготовка за влез на црногорскиот пазар, а учеството на овој настан ни овозможи да ги прошириме контактите со нови соработници, истакна Антовски.

Маја Милошевска, управител на „Биомелан“ од Струга, изрази благодарност за поддршката која нивната компанија ја добива од Програмата за поддршка на извозот и од организацијата на настанот.

-Имавме одлична можност за вмрежување и претставување на нашите производи и се надеваме на позитивни резултати за пласман на квалитетни македонски производи на пазарот во Црна Гора, рече Милошевска. На економската конференција учествуваше и претставник од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, која го поддржува овој модел на национална презентација за влез на странски пазари. „Македонски корнер“ се организира во рамки на програмата „Поддршка за извоз на македонски производи во Црна Гора“ имплементирана од „PrimePoint Partners“, во партнерство со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:будваекономска конференција
Претходен напис Николовски: Со новиот Закон, ПРИВАТНОТО земјиште што не се обработува со години, државата ќе може да го дава под концесија
Следен напис Дали би платиле 1.000 долари за еден грозд? Зошто грозјето Ruby Roman е толку скапо?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?