Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност
Агровести

Македонија ги одбележува двата Илиндена – најзначајни настани за македонската државност

Објавено 02/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. 

Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, по што ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“. 

Следува голем народен собир на „Мечкин Камен“, каде ќе има церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република, интонирање на химната и обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што следува културно уметничка програма, со настап на НУ „Танец“.

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова годинава ќе се обрати на свеченоста организирана во Скопје пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот Македонија. Таа ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто.

Одбележувањето на 81-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе се одржи во Меморијалниот центар во Пелинце каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Традиционално, како и секоја година, на 2 Август во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи традиционалната 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична дредба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Годинава се одбележуваат 123 година од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево, а последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули го означиле и крајот на Крушевската Република. 

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамки на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Меморијалниот комплекс АСНОМ е изграден во 2004-та година, по повод 60 годишнината од одржувањето на АСНОМ, по политичката одлука донесена по низата политички превирања кон крајот на деведесе

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Свети пророк Илија (Илинден) – пророк кој пали и гаси на небото и земјата
Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска
Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час
Таг:државностИлинденамакедонијаодбележува
Претходен напис Сончево и топло, температури до 39 степени
Следен напис Свети пророк Илија (Илинден) – пророк кој пали и гаси на небото и земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?