Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > „Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Јавни огласи и повици

„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Објавено 27/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија2025 објави повик за Битов – Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization) – канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој, што работи на развој на приватниот сектор, односно бизниси што ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски микро, мали и средни компании за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници, а краен рок за пријавување е 15 март 2026 година.

„Македонија 2025“ целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија, а компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании со минимум една година од постоење на компанијата, чиј сопственик и управител е македонски државјанин и жител; да има лице од компанијата што ќе му биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик; да има високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата; да е во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот); да ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

Во повикот се бара компаниите да бидат од дејностите: туризам и угостителство, финансии, агробизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн., а предност ќе имаат компании што се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

– „Македонија 2025“ има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании во согласност со нивните барања и потреби – се прецизира во објавата од „Македонија 2025“ за повикот. 

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Мицкоски на самитот на „Македонија 2025“: Поврзување на државата за поголем економски раст
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Таг:експертска поддршкакористењеМакедонија 2025
Претходен напис Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира
Следен напис Бизнис-конфедерација: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?