Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира
Агровести

Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира

Објавено 27/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обилните врнежи во струмичко засега не предизвикуваат поголеми проблеми, а единствено е забележано поплавување на дел од земјоделски површини и неколку дворови во селата Муртино и Сачево, информираа утрово од Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица.

Според информацијата оттаму, нивото на водите во реките се стабилизира, посебно на реката Тркања кој вчера преливаше пред влезот во Струмица, а екипи на ЈП „Плаваја“ од Радовиш работат на мостот на истоимената река меѓу селата Јаргулица и Покрајчево каде се регулира одвивањето на сообраќајот.

Во Валандово е излеана Калковска река преку регионалниот пат Валандово-Удово, но со интервенција на механизацијата се санира излевањето.

-Ангажирана е механизација на комуналните претпријатија за санирање на критичните места, а таму каде е потребно се поставува и песок, информираа од Регионалниот ЦУК во Струмица.

Синоќа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираше преку својот фејсбук профил дека ги посетил критичните места во селото Муртино, а од вчера механизацијата на ЈПКД „Комуналец“ е на терен, а ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор. Тој информираше дека вчера околу 17 часот состојбата е стабилизирана, а во текот на ноќта екипи останале на терен за следење на состојбата. 

Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, во текот на вчерашниот ден и синоќа постоела опасност од излевање на реката Водочница кај Моноспитовскиот мост, но со брза реакција било спречено поплавување на селото Моноспитово.

Инаку, според утринските мерења на УХМР досега во Струмица наврнале околу 20 литри дожд на еден метар квадратен. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:водотецитедворовиземјоделски површиниСачево
Претходен напис (ВИДЕО) Поплава во Струмичко – Удавени над 100 овци и јагниња
Следен напис „Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?