Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Магарешко млеко – како се консумира и која е вистинската цена?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Магарешко млеко – како се консумира и која е вистинската цена?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Магарешко млеко – како се консумира и која е вистинската цена?

Објавено 27/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во село Миргеш кај Суботица, постои несекојдневна фарма на која Блашко Шимоковиќ одгледува магариња. Ваквите фарми се реткост и за нив слушнале најчесто оние кои имаат здравствени проблеми па таму побарале алтернативни лекови за лечење на болести на кожата и респираторниот систем.

Патот на Шимоковиќ во формирањето на фарма за магариња не бил со желба за профит. Откако и тој во семејството имал здравствени проблеми, се одлучил да проба магарешко млеко. Во почетокот морале да го купуваат и за да го набават оделе во Нови Сад, но набрзо сватил дека би можел и самиот да стане производител. Имал мотив и покрај тоа што немал искуство, а имал и пристап до информации како да започне да ги одгледува овие животни.

Редовно одржување на копитата

Фармата ја оформил така што купил една магарица и едно нејзино прле, мислејќи дека ќе му бидат доволно само неколку магариња. Шимоковиќ во меѓувреме изградил близок однос со овие благородни животни и нивниот број го зголемил на 20.

– „Магарињата во просек живеат до 40 години. Потребно е барем два пати годишно да се режат копитата, бидејќи моите магариња не одат по камен туку по песок, па поради тоа не им се трошат копитата и треба да се внимава да не им пораснат, бидејќи од копитата им доаѓа здравјето“, вели овој сточар и додава дека до сега плаќал за оваа услуга, но неговиот син и тој одлучиле дека тоа во иднина ќе го прават сами. 

Иако со оваа работа интензивно се занимава веќе долги години, не му недостигаат идеи околу тоа, како фармата да ја направи поефикасна и подобра за здраво и правилно чување на магариња.

Во зима да се заштитат од провев

Интересно е и тоа дека магарињата не заболуваат како останатите домашни животни. Сепак, постојат паразити кои магарињата лесно ги добиваат, бидејќи се склони кон разновидна растителна исхрана на отворено. Првите показатели за присуство на паразити во организмот на магарињата е губење на телесната тежина и потребно е итно да се реагира со соодветна терапија за да се исчистат од нив. Посебно треба да се биде внимателен во текот на зимскиот период, бидејќи магарињата се чувствителни на зима и во текот на студените денови кога температурата е под нула, па треба да се заштитат во штала каде што нема провев.

Шимоковиќ смета дека многу од информациите околу цената на магарешкото млеко и производите од него се невистинити.

– „Цената од 1.000 евра за килограм сирење е обична измама. Правев сирење од магарешко млеко и ако земеме дека еден литар млеко е 50 евра тогаш цената на еден килограм сирење би била максимум 250 евра, што е далеку под дадените изјави. Всушност, за да се направи вакво сирење, потребно е да се додаде барем 30 отсто козјо или кравјо мелко кое е далеку поевтино и со тоа дополнително се намалува цената на сирењето“, вели тој.

Важно е да се истакне дека магарешкото млекото е поздраво кога се консумира во свежа состојба, бидејќи кога ќе го свариме, во голема мера ги губи своите карактеристични лековити својства. Несвареното магарешко млеко може да стои на студено и до 15 дена и сигурно нема да се расипе.

Од вишокот се прават и сапуни

Кога има вишок на млеко, Блашко прави сапуни за кои тврди дека благотворно делуваат на кожата и нејзините оштетувања поради големата концентрација на витамин Ц. Нивното дејство го потврдува тој самиот, бидејќи откако прави сапуни, само нив и ги користи. Со пласманот на сапун немал проблеми, бидејќи се се распродало.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:магарешко млекоСуботицафарма за магариња
Претходен напис Бектеши: Во земјава годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5
Следен напис (ВИДЕО)Од пчеларство до правење на деликатеси: Крем-мед со додатоци од овошје, ореви, билки и тартуфи!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?