Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лутите пиперки од Сента: Од одгледување до сосови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Лутите пиперки од Сента: Од одгледување до сосови
Предлог бизнисРастително производство

Лутите пиперки од Сента: Од одгледување до сосови

Последна измена: 18/09/2020 11:46
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Дека добрата и вкусна храна може да биде и добра инспирација за бизнис е потврдено повеќе пати. Како и да е, љубовта кон зачинетата храна може да стане  и профитабилно хоби, што ни  потврди Корнел Јухас, производител од Сента во Војводина. Охрабрен од големото уживање во вкусот на  лутите пиперки, тој изградил вистински бренд – „ JK’s Hot Pepper Sauce”, односно сосови од лути пиперки.

“Отсекогаш сакав зачинета храна, но ретко наоѓав тука нешто што многу ми се допаѓаше и секогаш морав да одам во  соседна Унгарија, да купам нешто зачинето и фино. Така се случи во една прилика да купам лути пиперчиња во Теско. Го зачував семето и следните  години,  засадив десетина садници од нив. Така започна сè “, изјави Корнел Јухас за„ Агроклуб “.

Секоја година сади по 500 садници

Освен што многу сакал луто и тоа што можел да одреди според лутината кои пиперки ги сака повеќе, Корнел Јухас не знаел ништо друго за пиперките. Истото  тоа важи и за земјоделството. Првите садници што се обидел да ги одгледува, без никакво знаење и без посебни инвестиции,  родиле толку добро што, заедно со нив, се родила и идејата за можностите што подолго да се  ужива во плодовите на пиперките. Така настанале неговите сосовите. Прво ги испробале неговите пријатели кои не го криеле  своето задоволство. Нивните реакции биле знак дека  Јухас  е на добар пат.

„Инвестициите беа мали и тогаш и сега. Јас самиот  финансирам сè, без ничија помош. Одгледувам  пиперки и правам сосови како хоби и покрај мојата редовна работа. Имам мала фарма и засадувам максимум 500 садници секоја година. Не е изводливо да го проширам производството затоа што тоа значи дека ќе морам да ангажирам работници. Засега, постигнам сам, а семејството ми помага во работата “.

Се што ќе никни оди за сос

Сè што никнува од пиперки се користи за правење сосови чии вкусови ги заинтригираат љубителите на силна и зачинета храна.Во својата мала  фарма, Јухас одгледува неколку видови пиперки: halapeno, habanero, karolina riper, big blek mama, moruga škorpion, 7 pot, Bhut Jolokie…

„До оваа година имав две стари оранжерии, така да се каже, „рачно изработени“, кои ги наследив од познаници кои ја напуштија земјата. Оваа година, пред да се појави корона вирусот, ја купив првата вистинска стаклена градина. Површински, сето тоа се вклопува во мојот двор, па затоа во секоја смисла на зборот јас сум мал производител “.

Да се садат во мај и да се штитат од штетници

Колку што луѓето се чувствителни на вкусот на лутите пиперки, толку лутите пиперки се чувствителни на промената на температурата.

“Лутите пиперки се многу чувствителни на температурата, па ако се засадени премногу рано, тие одат рано во хибернација и тешко е да се разбудат. Затоа е најдобро да се почека до средината на мај, кога температурата на почвата ќе достигне најмалку 15 степени. Јас користам систем за наводнување капка по капка. Тоа ја олеснува работата. Исто така е важно да се следи присуството на штетници и нивниот развој, а потоа да се реагира навреме “, вели Јухас.

Пет бои и пет сорти

Она што е особено интересно е тоа, како се прават сосови од разни видови лута пиперка, кои, сепак, бараат посебна грижа  за разлика од другите зеленчуци. Тој вели дека рецептот за сосовите е создаден како резултат на неговото постојано експериментирање со вкусовите и така до сега има рецепти за пет типа на сосови – од благи до екстра зачинети.

„Имаме пет бои и пет сорти, затоа ги сортираме пиперките по боја и ги користиме за да ги испробаме рецептите. Помеѓу покарактеристичните вкусови и  ароми се: зелен халапињо сос со лук, кафеав  сос за скара, направен од четири вида пиперки. Сосовите може да купат  во мали шишиња со 100 ml, но исто така и како сет од сосови. Сите пет сосови може да се нарачаат и во декоративна амбалажа. Произведуваме малку, помеѓу 3.000 и 3.500 шишиња , но се обидуваме нашите производи да бидат прва класа.“-вели Јухас

Интернет продажбата, ја надомести продажбата на саеми и фестивали

Јухас започнал да ги продава своите производи на пазарите и на разни настани, како што се саемите и фестивалите. Угостителите исто така се заинтересирани, меѓутоа, соработката не е можна поради статусот на оваа фарма. Оваа година корона вирусот ги  оневозможи саемите и фестивалските собири па затоа решил да отвори своја интернет продавница.

„За да можам да соработувам со угостителите, морам да отворам фирма. Да не беше оваа вонредна ситуација со вирусот до сега веројатно и тоа ќе го направев. Тоа секако ќе биде мојот план за идниот период“, заклучи овој производител од северот на Војводина.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
Млад брачен пар започнал бизнис: Прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:JK’s Hot Pepper Sauceлути пиперкиСентасосови
Претходен напис ЦВЕКЛО – богат извор на молекулата која го регулира протокот низ артериите
Следен напис Најнова вест за лозарите: Дополнителни 4 денари за килограм грозје преработено во дестилат и гроздов сок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?