Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лутите пиперчиња можат да презимуваат – како да ги зачувате до пролет?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Лутите пиперчиња можат да презимуваат – како да ги зачувате до пролет?
Совети

Лутите пиперчиња можат да презимуваат – како да ги зачувате до пролет?

Објавено 27/09/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако чили пиперчињата претежно се одгледуваат како едногодишна култура, можат успешно да презимуваат. Се одгледуваат како едногодишен вид поради ниските температури што го оневозможуваат нивното презимување на отворено. Тие се многу чувствителни на мраз и студ. Штом ноќната температура се спушти до 15° C, почнуваат да ги отфрлаат лисјата и целосно пропаѓаат на температури под 5° C.

Главната предност на оние кои успешно ја преживуваат зимата е тоа што во пролет брзо почнуваат со вегетација, цветаат побрзо и даваат плодови. Тие имаат добро развиен и силен коренов систем што им овозможува веднаш да апсорбираат вода и хранливи материи од почвата.

Подготовка за хибернација

За презимување, потребно е да се изберат најсилните и најздравите растенија, за да се продолжи со вегетацијата и плодоносењето. На успешноста ќе има влијание самата подготовка, условите за растење, презимување и изборот на сорта. Некои од нив подобро ги толерираат таквите услови, додека други се многу чувствителни и потешко презимуваат. Таква е сортата јалапено, почувствителна и потешко презимува. Табаско и хабанеро се поуспешни, па дури и можат да плодоносат во текот на зимата, ако им создадете услови. Внимателно изберете ги оние што ќе ги оставете за презимување. Не смее да има симптоми на болест или присуство на штетници на нив.

За да успееме во ова, прво ни е потребен простор во кој ќе ги сместиме садовите во кои ги пресадивме пиперките. Покрај тоа, тие ќе треба да се исечат и да се заштитат од ниските температури. За целосно мирување, неопходно е температурата во просторијата да биде помеѓу 10 и 15° С. Ако е повисока, може да се случи да не мируваат целосно и нивниот раст да е побавен.

Бидете внимателни при пресадување бидејќи возрасните растенија се чувствителни на оваа активност. Најлесно ќе биде кога ќе одгледувате пиперки во поголеми саксии. Тогаш тие нема да бидат изложени на стрес поради пресадување. Поедноставно ќе ги внесете во просторот што сте го обезбедиле за презимување.

Пресадувањето се врши на есен, додека температурата не падне под 15° С. Пред пресадување и кастрење, сите плодови се берат. Потоа се наводнува и се остава на сончево место следните седум дена.

Резидба на растенијата

Пред да ги ставите за презимување, потребно е да ги исечете, бидејќи така нема да трошат енергија и хранливи материи за раст во текот на зимата и ќе бидат поподготвени напролет побрзо да започнат со вегетација. Почнуваме со кастрење кога ќе се отстранат сите плодови. Во услови на слаба осветленост тие ќе почнат да пожолтуваат и да ги губат лисјата. Со резидбата се спречува ваквото исцрпување.

Отстранете ги лисјата и гранките што се непотребни. Страничните гранки и стебла се скратуваат за 2/3. Во зависност од големината на растението, оставаме три до пет гранки. По кастрењето, покријте ја површината на почвата со сено, слама или сечкана кора од дрво. Овој природен покрив спречува прекумерно сушење и ладење на зоната на коренот.
Во текот на зимата, тие треба да се наводнуваат минимално. Почвата во садот не треба да се исуши целосно, бидејќи тоа ќе доведе до распаѓање. Доволно е да ги наводнувате еднаш во две до четири недели, во зависност од тоа дали сте ги малчирале и во какви услови ги чувате.

Подготовки за новата сезона

Со појавата на подолгите денови, поместете го садот со растението на осветлено место. Кога ќе видите знаци на ново растење, постепено зголемете го наводнувањето. Сега ќе му требаат вода и хранливи материи.

Веднаш штом ќе помине опасноста од мраз, можете да ги изнесете надвор во текот на денот за да се навикнат на надворешните услови. На почеток, ставете ги на сончево место, но не смеат да бидат директно изложени на сонце поради појава на изгореници. Во текот на ноќта, внесете ги во заштитен простор.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:чили
Претходен напис Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има
Следен напис Швајцарците ја отфрлија иницијативата за забрана на интензивно, фабричко сточарство и зајакнување на правилата за благосостојба на животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?