Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бугарските земјоделци бараат да се запре бесцаринскиот увоз на евтини украински житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бугарските земјоделци бараат да се запре бесцаринскиот увоз на евтини украински житарки
Агровести

Бугарските земјоделци бараат да се запре бесцаринскиот увоз на евтини украински житарки

Објавено 15/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците во Бугарија, во северните региони Велико Трново, Русе и Плевен, организирале протест со барање да се запре бесцаринскиот увоз на евтини украински житарки, а предупредуваат и на проблеми со увозот на сончоглед. Тие излегле на улиците со повеќе од 50 трактори и комбајни и накратко го блокирале сообраќајот на магистралниот пат што го поврзува градот Русе со внатрешноста на земјата.

Велат дека домашната пченица не може да се натпреварува со увозот од Украина кој е поевтин за околу 30 отсто.

„Пазарот е пред колапс, силосите се полни“, изјави вчера координаторот на протестот Димитар Димитров за државната телевизија BNT, додавајќи дека слични проблеми предизвикал и увозот на поевтино семе од сончоглед од Украина.

Демонстрантите не одредиле до кога планираат да протестираат, а земјоделците од регионот Бургас на Црното Море се подготвени да им се придружат.

„Цените паднаа, пазарот пропадна. Има луѓе што не ја продадоа пченицата, земаа кредити за да ги покријат другите трошоци. Ние ги спроведуваме европските директиви, прскаме со ова, ѓубриме со тоа и на крајот – носат украински житарки и сончогледи и тоа е тоа. Зошто никој не размислува што јаде овој народ? Стратешкиот план го смислиле луѓе кои никогаш не биле на нива“, огорчен е земјоделецот Генчо Генчев од земјоделската задруга во с. Кривина.

Од друга страна, украинското Министерство за земјоделство на почетокот на февруари предупреди дека растот на извозот на семе од сончоглед, наместо на масло, може да уништи еден од најпрофитабилните сектори во нивното земјоделство.

Бугарија во 2022 година извезла 2,75 милиони тони сончоглед, а пред руско-украинската војна извозот не надминувал 100.000 тони годишно. Според Министерството за земјоделство на Бугарија, 70 отсто од семето било извезено во ЕУ, а 20 отсто во Турција.

„Тоа би можело да доведе до затворање на погоните за масло, катастрофален пад на производството на сончогледово масло, губење на уделот на глобалните пазари на производи со висока додадена вредност, губење на работни места и пресметливи приходи, што е неприфатливо“, предупредија одгледувачите на сончоглед.

Во сезоната 2020/2021 извезле 5,3 милиони тони, а во 2021/2022 г извозот се намалил на 4,5 мил. тони сончогледово масло.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријапротести
Претходен напис Турција сака Договорот за житарки да биде продолжен на 120 дена наместо на 60 дена
Следен напис Николовски: Главна цел ни е да достигнеме нови 2.000 регистрирани мали производители на храна и да го развиеме уште повеќе концептот за продажба од праг или фарма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?