Семејство продава лубеници и дињи „на доверба“ на нивниот штанд за самопослужување со дињи и лубеници кој се наоѓа во Грабовац, Хрватска. На нивната фејсбук-страница објавија како почнале да продаваат лубеници и дињи од сопствено производство на штанд за самопослужување, прв од ваков вид во Хрватска.

„Штандот е самопослужувачки бидејќи јас и мојата сопруга работиме, не можеме да бидеме на штандот. Секоја лубеница е измерена и има налепница од нејзината тежина. Ставете ги парите во поштенското сандаче, ако немате доволно пари или немате ситнмо, слободно земете лубеница или диња и ќе платите друг пат.

Цена на лубеница е 25 денари/кг, мала диња 80 денари, поголема 120 денари.
Забелешка: во случај нешто да не е во ред со лубеницата, слободно дојдете по друга. Не се работи за можна измама, туку само за недоволно искуство. На здравје!“, пишува на нивната страница на Фејсбук.


