Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангажирани сите ресурси и капацитети за справување со пожарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангажирани сите ресурси и капацитети за справување со пожарите
Агровести

Ангажирани сите ресурси и капацитети за справување со пожарите

Објавено 06/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Состојбата со пожарите во земјава постојано се менува. Додека некои се локализираат или целосно се ставаат под контрола, други избувнуваат.

Секој час се отвораат нови жаришта. Се дејствува со сите расположливи сили и ресурси, но временските услови – високите температури и силниот ветер, ја усложнуваат ситуацијата.

Од вчера на целата територија на државата е прогласена кризна состојба која ќе трае 30 дена, а Главниот штаб за управување со кризи ја презема координацијата за борба против пожарите.

Донесен е и Акциски план за превенција и справување со пожарите.

Надлежните велат дека според системот на делување, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на противпожарна единица или општина. Се дејствува по принципот на приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план. Тие воедно апелираат да не се шири паника меѓу населението и ги повикуваат граѓаните совесно да се однесуваат, да бидат екстремно внимателни, зашто доволна е само мала искра од електричен уред или отпушок од цигара за да избувне пожар.

-Состојбата се менува од минута во минута, а сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесуваат за брзо ширење на постоечките пожари и појава на нови жаришта, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, постојат одредени сомнежи дека се работи за намерни палења зашто некои од пожарите одеднаш избувнуваат. Но, тоа ќе го истражи МВР.

Вчера, полицијата од СВР Битола лиши едно лице од Лева Река, осомничено дека го предизвикало пожарот во селото при што изгоре нискостеблеста шума.

Како што информира ЦУК, во гасење на пожарите на терен се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат и трите хеликоптери од Србија. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила, а од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Се бара поддршка и со воздухоплови.

Најкритични се Делчевско – пехчевскиот регион, Кумановско и Прилепско каде има 18 пожари. И во Скопје вчера беа активни 18 пожари, а пожарникарите за само 2,5 часа интервенирале преку 20 пати. Гореше и кругот на фабриката „ОХИС”, но пожарот беше локализиран.

Влада одлучи Дирекцијата за заштита и спасување да добие 15 000 литри млазно гориво и 5 000 литри нафтени деривати за справување со пожарите од стоковните резерви без надомест. Согласно одлуката, Агенцијата за стоковни резерви е задолжена да отстапи 5 000 литри Еуродизел без надомест, за противпожарните возила.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:пожари
Претходен напис Импресивни глетки: Сушењето на доматите на сонце ги обои турските полиња црвени
Следен напис Лубениците и дињите ги продаваат на доверба – Секоја е измерена, сами си бирате и оставате пари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?