Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јаневски добитник на признание од Македонско – хрватската тангента во Шибеник 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Јаневски добитник на признание од Македонско – хрватската тангента во Шибеник 
Магазин

Јаневски добитник на признание од Македонско – хрватската тангента во Шибеник 

Објавено 05/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои почнаа во саботата на 2 септември, на отворањето од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Меѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија.
 
-Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а коишто треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помеѓу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.
 
Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот Јаневски, покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот.
 
-Овие средби се значајни од аспект на запознавање  со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои  во последните десет години градот Шибеник  ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој, наведува АППТ и најавува дека заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на  капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:јаневскиМакедонско – хрватската тангента во Шибеникпризнание
Претходен напис Месноста Белград со најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа во кавадаречко
Следен напис Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?