Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Локално: Владата ќе ги зголемува мерките за млади земјоделци


Буџетот за 2020 година предвидува 1,5 милијарди денари за рурален развој, изградба на хидросистеми и инвестиции за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства, со што владин извор за Локално вели дека ќе допринесат до зголемување на веќе постоечкиот домашен буџет со кој понатаму владата пресметала дека ќе се отворат многу можности во однос на нови вработувања и покачувања на плати и пензии.

Статистиките покажуваат дека 424 договори со грантови од по 10 000 евра за секој млад земјоделец биле потпишани и реализирани во последните 2,5 години. Владиниот извор брифира дека сега истата можност ја стумулираат дупло, со сума од 20 000 евра, со што сакаат да го мотивираат младиот земјоделец да остане дома, каде што ќе ги остварува своите идеи.

Со буџетот за 2020 година се одвојуваат 16.5 милиони евра за земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица, чии инвестиции се насочени во руралните средини.

„Индексот на човечки капитал покажува дека секој млад човек, кој се раѓа, живее и се едуцира во нашата земја, има услови за да испорача само 53% од својот потенцијал, односно од целосниот потенцијал што го има млад човек кој се развива во здрава средина со квалитетно образование и услови за живот. Затоа буџетот за 2020 година е насочен кон луѓето и кон подобрување на условите во кои што тие ќе можат да исполнат што повеќе од својот потенцијал“, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Како мерка за младите, Владата пред два дена на седница го утврди и Предлог-законот за младински додаток.

„Младинскиот додаток, во висина од 3000 денари месечно, ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и на млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување“, соопштија од владата.

Целта на законот за младински додаток, како што велат од владата, е поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што, како што велат, ќе се допринесе до подобрување на нивниот животен стандард и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.

За ИПАРД програмата, владиниот извор вели дека со само еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес се потпишувања на дополнителни 800 договори за финансиска поддршка, со што искористеноста е преку 50% од вкупниот буџет, а се очекува процентот да биде уште поголем во текот на 2020 година. За разлика од нив, статистиката покажува дека во периодот на владеење на минатата власт, процентот на искористеност бил само 20% или само 12 милиони евра.

Власта смета дека социјалниот пакет, кој пораснал за 300 отсто за да луѓето добијат шанса да излезат од сиромаштијата е нешто што ВМРО-ДПМНЕ не ни помислила кога одлучиле да се градат статуи, лажен барок и жални врби.

Извор: Локално

Ное 15, 2019agrotim1
Привршува кампањата за бесплатно микрочипирање на миленицитеАдминистрација на терен: Картичките „зелена нафта“ поделени и во неготинско и Демир Капија

Напишете коментар Откажи одговор

15/11/2019 Агровести373

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019