Сања Дуракова и Анка Катарова од подрачната единица на МЗШВ Неготино во моментов ги посетуваат земјоделците од Демир Капија и од неготинските села кои немале можност да дојдат до нивната канцеларија за да ги подигнат картичките „зелена нафта“ .
-Овие денови интензивно работиме на терен со цел сите земјоделци да ги добијат картичките со 30 % поефтина нафта. Тоа за нив значи намалување на трошоците за производство и ние правиме се за земјоделците да ја искористат оваа можност. Досега од 3181 картичка имаме поделено блзиу 2757 – велат за Агротим од ПЕ Неготино.
Криволак, Пепелиште, Војшанци, Дисан, Тремник …секаде каде што има земојоделци кои не ги подигнале картичките „зелена нафта“ екипи од подрачната единица на МЗШВ Неготино ќе им ги достават на домашна адреса.
За сите земјоделци потсетување како се користата овие картички „зелена нафта“ :
Упатство за користење на безготовинска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација
- Безготовинската картичка е наменате за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
- Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи.
- Картичката заедно со ПИН кодот (кој е таен), упатството за користење на истата и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на Министерството за земјоделството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
- Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на картичката.
- Корисникот е должен да се грижи за картичката и тајниот ПИН код.
- Евентуалното губење или кражба на картичката или пин кодот корисникот треба да го пријави на следените телефонски броеви: 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часот или на следната меил адреса: [email protected]
- За реиздавање на картичката корисникот ќе треба да уплати 200,00 денари, додека за изгубен/заборавен ПИН 50,00 денари. Пријавата може да ја направи на тел.бр 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часотили на следната меил адреса: [email protected]
- При првото полнење гориво со картичката корисникот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА ПРОВЕРИ состојбата на картичката и истата да ја спореди со износот на одобената финансиска поддршка утврдена во решението . Проверката се прави на касата на бензинските станици на Макпетрол АД. Доколку износите од решението и картичката не се истити, корисникот треба да изврши пријава во подрачната единица на министерството од каде што ја подигнал картичката.
Во случај кога целиот износ на картичката нема да се потроши при првото полнење на гориво, при секое следно полнење задолжително корисникот претходно треба да го провери расположивиот износ и во рамки на тој износ да наполни гориво.
Доколку наточениот износ на гориво го надминува расположивиот износ на картичката, разликата ја доплаќа корисникот од сопствени средства.
- Плаќањето на горивото со картичката се прави откако ќе се заврши точењето. Корисникот пристапува кон касата на бнзинската станица каде јасно кажува дека ќе плаќа со картичка со пин код наменета за зелена нафта.
Ја става картичката во читачот, и по звучниот сигнал го внесува ПИН кодот. По извршеното плаќање на корисникот ќе му биде издадена фискална сметка, заедно со интерна сметка од точењето на горивото.
На самата интерна сметка корисникот ќе може да го прочита преостанатиот лимит на картичката.
Напишете коментар