Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По Егри, Трн и Дабјани, консолидација на земјоделското земјиште и во Логоварди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По Егри, Трн и Дабјани, консолидација на земјоделското земјиште и во Логоварди
Агровести

По Егри, Трн и Дабјани, консолидација на земјоделското земјиште и во Логоварди

Објавено 13/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието на учесници во консолидацијата на земјоделско земјиште од село Логоварди (Општина Битола) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште во Логоварди. По Егри и Трн (исто така во Општина Битола) и Дабјани (Општина Долнени), ова е четвртиот усвоен план за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите, во рамките на проектот финансиран од Европската унија МАИНЛАНД, кој е кофинансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) и се спроведува во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Консолидацијата во Логоварди опфаќа 399 хектари (ха) земјоделско земјиште и 388 сопственици. Со усвоениот план за распределба на земјиштето, бројот на парцели во Логоварди се намалува за повеќе од два пати – од 789 на 364 парцели со просечна големина од 1,1 ха (споредено со 0,5 ха пред консолидацијата). Новоформираните парцели имаат правилна форма и подобар пристап до земјоделската инфраструктура, што овозможува поефикасно и поконкурентрно земјоделско производство.

„Благодарение на проектот МАИНЛАНД, конечно нашето земјоделско земјиште ќе биде подобро организирано за попродуктивно производство“, изјави земјоделецот Драги Џумковски од село Логоварди. Според него, со расцепканите и ситни парцели било скоро невозможно да се биде продуктивен и конкурентен. Со усвоениот план за распределба, неговите 13 земјишни парцели расфрлани на далечни локации низ полето ќе бидат консолидирани во три големи парцели со правилна форма, со подобар пристап до земјоделската инфраструктура и просечна големина од 2,2 ха (наспроти 0,5 ха просечна големина пред консолидацијата). Ова ќе овозможи поголема ефикасност, како и можности за модернизација и окрупнување на земјоделското производство.

Врз основа на усвоениот План за распределба на земјиштето во Логоварди, во наредните неколку месеци проектот МАИНЛАНД ќе ја поддржи регистрацијата на ново-формираните парцели во Катастарот на недвижности, како и нивното обележување на терен. 

Проектот “Воведување на Национална Програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) e финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО). Проектот го имплементира ФАО за да го поддржи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште. Буџетот на проектот изнесува 2.86 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2.5 милиони евра) и придонес на ФАО (0.36 милиони евра).  Истиот се спроведува во времетраење од 68 месеци, почнувајќи од март 2017 до ноември 2022 година. 

Главната цел на проектот е да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Може да ви се допадне

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Таг:логоварди
Претходен напис Бабовски: Од околу 50 000 инспекциски контроли, само 69 неправилности за несоодветна и нецелосна декларација на производите
Следен напис Крушево ќе биде домаќин на бизнис-саем со домашни и странски компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?