Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Од околу 50 000 инспекциски контроли, само 69 неправилности за несоодветна и нецелосна декларација на производите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Од околу 50 000 инспекциски контроли, само 69 неправилности за несоодветна и нецелосна декларација на производите
Агровести

Бабовски: Од околу 50 000 инспекциски контроли, само 69 неправилности за несоодветна и нецелосна декларација на производите

Објавено 13/04/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на лани спроведените скоро 50 илјади инспекциски контроли, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветна и нецелосна декларација на производите и доведување во заблуда на потрошувачите. Притоа се изречени осум забрани за пуштање во промет на храна, 35 наредби за отстранување на утврдените недоследности со контролите, издадени се осум наредби за повлекување и отповикување на производи, 12 од наредбите се однесувале за уништување на храна, а изречени се и четири опомени. Во рамки на спроведените контроли и утврдените недоследности во однос на означувањето на храната, издадени се 11 прекршочни патни налози и две мерки едукација, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

На конференцијата „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“, Бабовски истакна дека во Република Северна Македонија означувањето е задолжително за секој производ. Во спротивно, производот се смета за небезбеден, бидејќи не ги содржи основните податоци кои му се потребни на потрошувачот.

Обврска на операторите со храна е да гарантираат пред инспекциските служби и потрошувачите дека пуштаат на пазарот безбедни производи, вклучително и производи кои се соодветно означени. Означувањето треба да е јасно, прецизно и да не го доведува потрошувачот во заблуда, а го вршат операторите со храна, односно производителот. За податоците од декларацијата за увозните производи, пак, одговорен е операторот со храна, напомена Бабовски.

Според него, АХВ врши надзор над операторите со храна во однос на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите. Се вршат континуирани контроли на пазарот и доколку се констатираат недоследности и во делот на означувањето, на операторите им се наложува во определен рок да ги отстранат. Доколку не се постапи по наложеното, производите се повлекуваат од промет.

До Одделението за заштита на потрошувачите во 2021 година беа поднесени вкупно 418 претставки, од кои две конкретно се однесуваа на несоодветно означување на производи. Во рамки на спроведените постапки изречени се соодветни мерки, издадено е решение и изречена е парична казна, а како небезбедни поради несоодветно означување нештетно се уништени вкупно 51,5 килограми храна, нагласи директорот.

Новите европски правила за информациите поврзани со храната кои се имплементирани и во македонското законодавство опфаќаат општи принципи за означување, презентирање и рекламирање на храната, како и општи и посебни барања за информациите на означувањето на храната и одговорностите на операторите со храна во однос на обезбедувањето информации за храната. Информациите, пак, кои се поврзани со храната и кои треба да бидат на означувањето, се поделени во три категории: задолжителни, дополнителни и доброволни.

Рафаеле Ди Лутио од здружението ФЕДЕРАЛИМЕНТАРЕ на конференцијата го објасни италијанскиот предлог за декларирање на храната „Нутриформ“, кој како што рече, дава информација за хранливите вредности на производот. Италијанскиот модел, додаде тој, е предложен и елабориран во Европската комисија како алтернатива за францускиот модел „Нутрискор“ етикетирање.

Нутриформ моделот е симболично претставен со знакот на батерија, а има за цел да им обезбеди на потрошувачите јасни и целосни информации за хранливата вредност на производот, со што тие ќе бидат информирани за неговата содржина, а тоа им овозможува разумно да ја изберат храната што ја консумираат. Секоја табела претставува квантитативен индикатор за содржината на производот во одредена количина (порција) – истакна Ди Лутио.

Според Андреа Гизели, директор за истражување на Италијанскиот истражувачки центар за храна и исхрана – КРЕА, францускиот модел на етикетирање на храната „Нутрискор“, дава брза, пречистена информација во пет различни бои за класификација на прехранбените производи во пет категории: од категорија А (темно зелена), што укажува на највисок нутритивен квалитет, до категорија Е (темно портокалова), што укажува на најнизок нутритивен квалитет. Овој систем на оценување, навидум дава корисни информации, но се пресметува со доделување поени за содржината на 100 грама, па според тоа дава нецелосни податоци, а потрошувачот не може да процени врз база на што се оценети производите.

Игор Спировски од Министерството за здравство на конференцијата се осврна на потребата потрошувачите да имаат комплетна и одговорна информација за храната.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бабовски
Претходен напис За да се ослободите од змии, морате нивните живеалишта да ги направите несигурни за престој
Следен напис По Егри, Трн и Дабјани, консолидација на земјоделското земјиште и во Логоварди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?