Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Минималната потрошувачка кошничка во февруари повисока од просечната плата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Минималната потрошувачка кошничка во февруари повисока од просечната плата
Агровести

Минималната потрошувачка кошничка во февруари повисока од просечната плата

Објавено 10/03/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари што значи дека толку пари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да ги подмири основните месечни потреби.

Во споредба со просечната плата исплатена во декември како последен објавен официјален податок од Државниот завод за статистика, минималната потрошувачка кошничка е за речиси 5.500 денари повисока.

Најмногу пари или 14.078 денари биле потребни за храна и пијалаци, 10.825 денари за потребите во домот и 2. 478 денари за превоз, покажуваат податоците од Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја пресметува вредноста на минималната синдикална кошничка. За обувки и облека биле потребни минимум 2.131 денар, а за културни активности само 1.067 денари.

Од ССМ неодамна посочија дека просечната плата покрива околу 70 проценти од синдикалната кошничка. Поради тоа, бараат со растот на просечната плата, да расте и минималната плата. Заложба на ССМ е минималната плата да порасне на 60 проценти од просечната плата што, според синдикатот, е пракса во европските држави.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:македонијапотрошувачка кошниќка
Претходен напис Времето денеска облачно со дожд, а на повисоките места повремен снег
Следен напис Липковско Езеро и „Глажња“ порибени со 350 килограми крап
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?