Во време кога иселувањето е секоја втора вест од земјава и бројни луѓе, претежно млади, кои во потрага по подобар живот морале да ја напуштат фамилијата и родното место, вистинско задоволство е кога ќе се запознае жена која подобар живот сепак гледа во своето село, град, на својата земја. Таа жена е Лилјана Вучкова од Неготино, по потекло од село Курија, на само неколку километри од градот, регистриран земјоделец. Обработува 23 дектари земја на кои одгледува разни култури заедно со сопругот и синот, а за време на сезонските работи редовно аргатува и по неготинските ниви.

Лилјана работи на нива, во градина, дома е домаќинка а идниот месец се подготвува за свадбата на својот син единец.
– Се занимаваме исклучиво со земјоделство, на околу 23 декари земја одгледуваме лозје, овоштарник, градинарски култури и тутун. На нива возам трактор, кога ја завршувам работата таму, одам во бавчата, работа постојано има, само треба да се има желба за тоа, раскажува Лилјана.
Грозје од сортите смедеревка, мерло и ризлинг има засадено на 15 декари од кое годинава набрала 23 тони и е исплатено во целост но и рече дека сеуште не и се исплатени парите за предаденото грозје во ВВ Повардарие од 2016 година. Има и 8 декари овоштарник со праски од сортата нектарина но годинава не поминала добро поради нивното измрзнување кое се повторува веќе 5 години наназад.

Таа ја сака својата работа, а модерните технологии и користењето на интернет и овоможуваат на секој начин да научи нешто повеќе, да се релаксира после напорниот ден.
– Додека не беше толку развиена технологијата, искуства околу земјоделието разменував со земјоделци кај нас но сега можам да се посоветувам на социјалните мрежи и со земјоделци од други градови од земјата. Споделуваме слики, снимки, си го опишуваме нашиот работен ден и тоа како изгледа, па потоа споделуваме мислења. За многумина можеби се уште е чудно што една жена толку многу е посветена на земјоделството и тоа преку слика и искуство го споделува на сите, но јас се гордеам дека сум земјоделец, што уште од малечка моите родители ме учеа дека треба да работам и чесно да го заработам лебот, а така го учев и мојот син за кога ќе биде возрасен и свој човек, да ги има овие работни навики и сум горда на тоа.

Сега ги прави подготовките за мазнење на тутунот од годинашната реколта, низите со сувиот тутун полека ги симнува во просторијата каде наредниот период тутунот од низите ќе се мазни и реди во бали кои подоцна ќе се продаваат во откупниоте претптијатија за тутун. Вели годинава нема многу засадено но не сака да ја прекине традицијата која ја имаат во одгледување на оваа култура.

– Горда сум на себе и кога ќе ја притиснам педалата и ќе дадам гас на тракторот кој ќе забрмчи по нива, мирисот на земјата и зеленчукот и овошјето кога ќе созреат. Не ми е тешко наутро да станам во рани зори и работниот ден да ми трае до доцна во ноќта, раскажува оваа вредна жена.
Лилјана е позната и по тоа што на својата нива пред две години произведе жолти лубеници кои внатре наместо црвени се жолти и вкусни како шербет, традиција која ја негува, научена од своите родители, а тајните ги пренесува на својот син. Се пофали дека произвела лубеница тешка 22 килограми со производство на 10 тони бостан.

Земјоделството и е на прво место, а во последно време e се поактивна и на манифестациите кои се организираат за женско кулинарство, има добиено бројни признанија, претседател е на Организацијата за вешта жена Неготино и што се вели, домаќинка за се.


Инаку, информациите говорат дека дури 96% од земјоделските стопанства во Европската Унија ги сочинуваат семејните земјоделски стопанства, додека жените управуваат со само околу 30% од нив. Сепак жените во земјоделството имаат многу поголема улога отколку што покажува службената статистика.

Toa e Ljiljana od Negorino vredna, pristojna , neumorna na sekoe pole . Moze da se kaze samo edno deka e primer edna od mnogute zeni zemjodelki , za koi treba da dobijat golema podrska od naseto Ministerstvo za Ruralna zena !