Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По поморот на рибите во Кумановка се огласи кумановски „Водовод“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > По поморот на рибите во Кумановка се огласи кумановски „Водовод“
Шумарство и водостопанство

По поморот на рибите во Кумановка се огласи кумановски „Водовод“

Објавено 01/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По вчерашниот помор на риби во Кумановка и по извршениот вонреден инспекциски надзор на државниот Инспекторат за животна средина, денеска преку соопштение реагираше и кумановското јавно претпријатие „Водовод“ под чии ингеренции е Фабриката за третман на отпадни води (пречистителната станица). Од претпријатието нагласуваат дека излезните параметри на прочистената вода се во граници на нормала пропишани по стандарди на ЕУ. Од претпријатието ги повикаа заинтересираните да ја посетат станицата и да се информираат за системот на прочистување. И во вчерашното соопштение на државниот Инспекторат за животна средина се наведува дека при надзорот, станицата функционирала.

– Во врска со поморот на риби кој се случи деновиве, во недела на 31.7.2022 година e извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државен инспекторат за животна средина од Одделението за инспекциски надзор за животната средина – Североисточен и Источен регион, канцеларија Крива Паланка во пречистителната станица за третман на отпадни води во Куманово. На вонредниот инспекциски надзор присуствуваа и претставници од рибарското друштво, и е утврдена нормална функционалност на пречистителната станица. Излезните параметри на прочистената вода од втора категорија се во граници на нормала пропишани по стандарди од Европска унија. Инаку Пречистителната станица за третман на отпадни води е отворена за сите кои имаат интерес да се запознаат со функционалниот процес за пречистување на отпадни води, се вели во соопштението на кумановското ЈП „Водовод“.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да не фрлаат несоодветен отпад во канализацијата која само го отежнува работењето на станицата. Според нив, ваквото несовесно и несоодветно користење на фекалната канализација предизвикува механичко оштетување на скапата инсталирана опрема на станицата и дополнително финансиско оптоварува работењето на станицата.

– Воедно ЈП „Водовод“-Куманово упатува АПЕЛ до граѓаните дека Пречистителната станица за третман на отпадни води не е предвидена за пречистување на атмосферските води и отпадни води од индустријата. Согласно Законот за води и другите позитивни законски прописи, забранета е злоупотреба и несовесно користење на фекалната канализација во населените места. За жал, во Општина Куманово е сè̀ поизразено несовесно користење на канализацијата, со фрлање на секаков вид отпад во истата, како што се полупроизводи од индустријата, метални предмети, коски од животни, месо, кожа, разни видови на масла, земјоделски производи и слично. Посебен проблем претставува фрлањето на градежен шут, текстил и влажни марамчиња, кои предизвикуваат големи дефекти и проблеми во работењето на станицата, соопштија од кумановски „Водовод“.

Оттаму се надеваат дека граѓаните ќе го разберат апелот и ќе се разбуди еколошката свест кај кумановци.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:кумановка
Претходен напис Хељдата е исплатлива за одгледување и добра за здравјето
Следен напис Од полноќ поскапува дизелот, цените на бензините остануваат непроменети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?