Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кризен штаб – Неготино со превентивни мерки против пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кризен штаб – Неготино со превентивни мерки против пожари
Агровести

Кризен штаб – Неготино со превентивни мерки против пожари

Објавено 13/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Работна средба на членовите на Кризниот штаб на општина Неготино се одржа денеска, беше констатирано дека состојбата со пожарите на територија на општината е стабилна и во интерес на заштита на општите добра, ќе се преземат мерки и активности така и да остане, информираа од локалната самоуправа.

– На состанокот беше нотирана потребата од внимателност и будно и континуирано следење на состојбите на терен од страна на сите релевантни установи. На состанокот присуствуваа претставници на МВР, ДЗС, ЦУК, ТППЕ – Неготино, кои разговараа за неопходноста од преземање мерки за намалување на опасностите од настанување на шумски и други пожари на отворен простор. Имајќи предвид дека високите температури се сè уште присутни, се предложи преземање засилени мерки и активности за превенција за заштита на шумите, пасиштата, голините и други отворени простори – додадоа од локалната самоуправа.

Кризниот штаб апелира да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, пасишта и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга амбалажа, да не се фрлаат отпушоци.

– Со преземање на сите овие мерки и активности, Кризниот штаб очекува сите граѓани на нашата општина да ги исполнат своите граѓански должности и со тоа да дадат сопствен придонес во заштитата на шумите и други простори од пожари ова лето – истакнаа од Општината. 

МИА

Може да ви се допадне

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банкарскиот сектор
Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска
Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно
Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
Таг:кризен штабпожари
Претходен напис УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банкарскиот сектор
Следен напис Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?