Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 27 степени.
Потоа утре ќе имаме нешто постабилна атмосфера, додека за време на викендот повторно во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

