Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Револуција во лекување на пчелите: Како делува првата вакцина против американската гнилост?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Револуција во лекување на пчелите: Како делува првата вакцина против американската гнилост?
Агровести

Револуција во лекување на пчелите: Како делува првата вакцина против американската гнилост?

Објавено 20/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминативе денови можевме да ја прочитаме веста за првата вакцина за пчели против болеста гниење на пчелното легло одобрена во САД.

Тоа не е вакцина која делува како оние за луѓето, кои предизвикуваат развој на специфични антитела против болеста. Биолошкиот механизам на дејство е различен, бидејќи пчелите немаат адаптивен имунолошки систем и не можат да развијат антитела.

Како делува вакцината?

Американската вакцина се заснова на биолошки механизам наречен трансгенерациски имунолошки стимуланс (TGIP). Уште во 2006 година било забележано дека инсектите кои дошле во контакт со патогени бактерии, кога продолжуваат да се размножуваат, даваат потомци кои се отпорни на такви бактерии.

TGIP не го прави инсектот што доаѓа во контакт со патогенот имун или отпорен, туку неговото потомство. Токму оваа карактеристика била искористена за вакцината што е развиена од компанијата Dalan Animal Health и наречена Paenibacillus larvae bacterin.

Се користи така што пчелите матици се хранат со храна со лек кој содржи неактивни бактерии Paenibacillus. Матиците положуваат јајца од кои се изведуваат нови пчели кои се отпорни на многу опасната американска болест гнилост на леглото.

Австриски и шведски научници го проучувале овој механизам и го увиделе неговиот потенцијал, бидејќи голем број индивидуи можат да се имунизираат за кратко време. Истражувачката група на професорот Карл Крејлсхајм од Универзитетот во Грац ги спровела првите тестови на бактеријата Paenibacillus larvae во 2014 година во соработка со д-р Далиал Фрајтак од Универзитетот во Хелсинки.

Понатамошната работа на д-р Далиал Фрајтак заедно со колегата Хели Салмело, довело до регистрација на првиот експериментален лек наречен PrimeBee во 2019 година. Сепак, американската вакцина ќе биде првата што ќе се најде на пазарот.

Револуција во третманот на пчелите

Вакцината може да биде многу важна за пчеларството во САД и за земјите каде што се дозволени антибиотици за лекување на американската гнилост на леглото.

Антибиотиците можат да го блокираат развојот на бактеријата Paenibacillus larvae, но не можат да ги уништат спорите кои се акумулираат во кошниците. Ова го зголемува ризикот од повторна инфекција и ги прави пчеларите зависни од употребата на антибиотици.

Вакцината би можела да биде алтернатива, а тоа е исклучително важно во Европската Унија, каде што не е дозволена употреба на антибиотици во пчеларството. Досега единствен начин за борба против оваа болест беше уништување и палење на кошницата каде што се појавила болеста.

Откриениот биолошки механизам на дејство на лекот би можел да послужи за развој на нови лекови кога станува збор за други болести на пчели и други инсекти кои се одгледуваат за биолошка контрола и за прехранбени цели.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:американска гнилоствакцинапчели
Претходен напис Ќе се изработи анализа со активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро, најави Ковачевски
Следен напис Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?