Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски ја посети „Везе Шари“, компанија која го финансираше најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД: Во нашата држава во моментов има најниска цена на јајцата, мора да се води грижа за граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски ја посети „Везе Шари“, компанија која го финансираше најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД: Во нашата држава во моментов има најниска цена на јајцата, мора да се води грижа за граѓаните
Агровести

Ковачевски ја посети „Везе Шари“, компанија која го финансираше најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД: Во нашата држава во моментов има најниска цена на јајцата, мора да се води грижа за граѓаните

Објавено 29/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари“ во тетовско Требош. Тие разговарале со сопственикот на компанијата Арбен Абдурахмани за предизвиците што ги наметна економско-енергетската криза и нивниот заеднички став е дека сега повеќе е потребно да се покаже единство во донесувањето на мерки и решенија, за доброто на иднината на сите граѓани.

„Изминатиов период Владата е насочена кон стабилизирање на цените на основните прехранбени производи и еднаквост за сите затоа Владата што ја предводам делува на повеќе нивоа“, рече премиерот Ковачевски по посетата.

Тој истакна дека разговал со вработените во компанијата „Везе Шари“, како и со сопственикот, и заклучокот е дека мора да се покаже единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза.

Владата веќе ги замрзна цените на основните прехранбени производи меѓу кои и на јајцата од кокошка.

Ковачевски нагласи дека во последните денови тој често е во обиколка на маркетите за да точно се утврди дали мерките се почитуваат од страна на сите кои се дел од пазарот и продажбата на основните прехранбени производи.

„Можеме да заклучиме дека имаме редовно снабдување на целата малопродажба со сите основни прехранбени производи и дека во најголем дел се почитуваат мерките за ограничување на цените на основните прехранбени производи.

Вие веќе знаете дека ја замрзнавме цената на лебот, замрзнавме цена на дел од тестенините при што и ја намаливме и ја замрзнавме и намаливме цената на дел од основните производи од млечната индустрија.

За заштита на граѓаните донесовме одлука која ги обврзува малопродавачите минимум 70% од набавките кои што ги имале во текот на јануари и февруари во делот на снабдувањето со јајца од кокошка да ги имаат и во периодот кога цените се замрзнати што значи до 30 април.

Ова е направено од причина што во нашата држава во моментов има најниска цена на јајцата, некаде 0,14 евроценти, додека цената на истиот производ во околните држави е најмалку 0.20 евроценти.

Ова се конкретни мерки во кои нема недоречености и мора да се почитуваат. На терен досега инспекторатот има направено 500 контроли од инспекторските служби и тие ќе продолжат и во текот на наредните денови“, истакна Ковачевски.

Ковачевски исто така додаде дека во кој било град или село во нашата држава скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со средства од ИПАРД програмата од ЕУ.

„За нас е многу важно што сето тоа го гледаме заедно со нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународните пазари.

Едно такво позитивно искуство има и „Везе Шари“, кои преку оваа програма имаат инвестирано во модернизација на опремата за производство, како и за изградба на современ земјоделско – сточарски комплекс“, истакна Ковачевски.

Компанијата Везе Шари го има финансирано најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД програмата во зголемување и осовременување на нивното производство.

„За поздравување е навистина домаќинското и иновативноста и визијата преточена во својата подружница ЕЛЕКТРО ШАРИ која е првата биогасна централа во Република Северна Македонија која произведува 1MW/h и исто така тие имаат и фотоволтаична централа од 250 мегавати што значи дека се навистина голем производител и на електрична енергија со што го подобруваат и енергетскиот биланс на земјата, а во најголем дел ги снабдуваат своите потреби со електрична енергија од свое сопствено производство“, истакна Ковачевски.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:везе шари
Претходен напис Со Кина имаме одлична трговска размена во годините наназад при што добар дел од земјоделските производи вклучително и македонскиот тутун завршуваат на нивниот пазар, рече министерот Николовски
Следен напис На барање на Општина Тетово одржан состанок за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?