Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На барање на Општина Тетово одржан состанок за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На барање на Општина Тетово одржан состанок за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Агровести

На барање на Општина Тетово одржан состанок за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Објавено 29/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На барање на Општина Тетово, во насока на трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња во оваа општина, денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами и со претставници на општинскиот Совет.

Како што беше истакнато на средбата на која присуствуваа и стручни лица од Секторот за здравствена заштита на животните при АХВ, за општина Тетово решавањето на проблемот со бездомните животни е приоритет за кој Општината и Советот сега бараат најдобро и најбрзо решение во интерес на заштита на граѓаните.

Според градоначалникот и претставниците на Советот на Општината, во интерес на изнаоѓање на најдоброто законско решение за решавање на проблемот со бездомните животни, Општина Тетово ќе ги стави на располагање сите расположиви ресурси. Претставниците на АХВ детално ги објаснија можностите и условите кои и стојат на располагање на општината за воспоставување на систем на прифатилиште, потенцирајќи ја можноста тоа општината да го направи самостојно, или да се организира со соседните општини. Акцент беше ставен и за тоа кои услови ќе треба да бидат исполнети за организирање на стационарот на бездомни животни, како и за подготовката на програма и план како услови за воспоставување на прифатилиште, за што АХВ изрази целосна подготвеност и поддршка за нивна подготовка.

На состанокот акцент беше ставен и на условите кои Општината и прифатилиштето кое ќе биде воспоставено ќе треба да ги исполни од аспект на почитување на одредбите од законите за здравствена заштита и благосостојба на животните и подзаконските акти кои произлегуваат од нив а кои непосредно се однесуваат на работата на прифатилиштата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбабовскидиректоркучињамзшвскитници
Претходен напис Ковачевски ја посети „Везе Шари“, компанија која го финансираше најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД: Во нашата држава во моментов има најниска цена на јајцата, мора да се води грижа за граѓаните
Следен напис Денеска нè очекува сончево време со мала облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?