Мекиците се едно од најомилените традиционални јадења во македонската кујна. Се подготвуваат од меко квасно тесто и се пржат до златно-румена боја. Највкусни се кога се послужуваат топли, со сирење, кисело млеко, џем или шеќер.
Состојки:
- 1 кг брашно
- 40 г свеж квасец
- 50 мл масло
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка шеќер
- 20–30 мл ракија
- вода по потреба
Начин на подготовка:
Во малку млака вода растворете го квасецот со шеќерот и оставете го неколку минути да се активира. Во поголем сад измешајте ги брашното и солта.
Додајте го активираниот квасец, маслото и постепено додавајте млака вода. Замесете меко и мазно тесто. Покријте го тестото и оставете го на топло место да нарасне.
Кога ќе го удвои својот волумен, во нараснатото тесто додајте ја ракијата и добро премесете го повторно оставете го да нарасне. Кога тестото ќе биде подготвено, загрејте поголема количина масло за пржење. Со навлажнети раце земајте парчиња од тестото, лесно обликувајте ги и со прст направете отвор во средината. Веднаш ставајте ги мекиците во загреаното масло. Пржете ги од двете страни додека добијат златно-румена боја. Извадете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот масло.
Мекиците се сервираат топли.
МИА
