Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конститутивната седница на Управувачкиот совет на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Конститутивната седница на Управувачкиот совет на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа
Агровести

Конститутивната седница на Управувачкиот совет на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа

Објавено 25/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во просториите на Бизнис Академијата Смилевски во Битола, во рамките на Иницијативата за воспоставување и одржлив развој на Алијанса за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа, во организација на Регионалната стопанска комора од Битола и Прилеп се одржа конститутивната седница на Управувачкиот совет на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа, на која присуствуваше заменик директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) г-дин Ерол Абдиу.

На оваа седница, покрај претставниците од АПРЗ, присуствуваа и претставници на клучните заинтересирани страни од Пелагонискиот плански регион со цел дефинирање на составот, функцијата и надлежностите на Управувачкиот совет. На оваа средба се дискутираше и за концептот на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна со потекло од Пелагонија и Преспа, нејзините среднорочни и долгорочни потреби, како и потребите и можностите за брендирање и финансирање на брендирањето.

Инаку, намерата на оваа инцијатива е да се обединат и заеднички да дејствуваат клучните регионални и национални чинители во процесот на добивање, процесирање и испорака на брендирана храна со географско потекло од Пелагонија – Преспа регионот, како носечки регион во државата во производството на храна. Иницијативата е продолжување на намерата на веќе изготвената и усвоена Регионална стратегија за транзиција на Пелагонискиот плански регион кон зелена економија.

Во првата фаза од развојот на проектот, целна група ќе бидат компаниите и индивидуалните производители кои веќе имаат практика во оваа област како што се:

  • ЗИК Пелагонија, Битола
  • ВЕМИЛК, Битола
  • ВИТАМИНКА, Прилеп
  • Агрогроуп Фреш, Цапари
  • Кривогаштани промет, Прилеп
  • РЕС-КОМ, Ресен
  • БИМФУД Прилеп
  • Агрополод Аграр, Ресен
  • КРОНОС, Демир Хисар и други

Во втората фаза, непосредно по првата ќе бидат вклучени компаниите добавувачи на компаниите од првата фаза, идентификувани со мапирање на мрежите на добавувачи (придружни компании).

Во оваа Алијанса, освен компаниите учеснички во овој процес се вклучени и претставници на надлежни клучни учесници, како што се:

  • Регионалните стопански комори Битола и Прилеп како претставници на непосредните учесници во продукцијата на храна од регионот;
  • Советот на Пелагонискиот плански регион како претставник на локалната власт надлежен за локалниот економски развој;
  • Националните паркови Пелистер и Галичица, како претставници на пошироката еко-средина;
  • Претставници на институциите за стручна и академска поддршка на развојот на капацитетите на непосредните учесници во продукцијата на храна од регионот:
  • Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како државна институција надлежна за испорака на советодавни услуги и стручна поддршка на земјоделските стопанства и учесниците во примарното производство на храна;
  • високообразовните установи од регионот кои испорачуваат образовни и истражувачки услуги во областа на процесот и организацијата на производство на храна (Институтот за менаџмент Битола – Бизнис Академија Смилевски – БАС), соодветните факултети на УКЛО и Славјанскиот универзитет „Св. Никола“ и Македонското научно друштво Битола.

Извор: АПРЗ

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:Алијансата за природназдрава хранаКонститутивната седницаПелагонијаПреспа
Претходен напис Хемометал: МЕЃУРЕДНА ФРЕЗА – БЕГИН ТАРИМ
Следен напис Уште 25 дена за аплицирање на ИПАРД повикот: До 600.000 евра за инвестиции во сместувачки и угостителски објекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?