Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште 25 дена за аплицирање на ИПАРД повикот: До 600.000 евра за инвестиции во сместувачки и угостителски објекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Уште 25 дена за аплицирање на ИПАРД повикот: До 600.000 евра за инвестиции во сместувачки и угостителски објекти
Фондови

Уште 25 дена за аплицирање на ИПАРД повикот: До 600.000 евра за инвестиции во сместувачки и угостителски објекти

Последна измена: 25/11/2024 16:52
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 05.11.2024 год. официјално го објави новиот јавен повик бр. 02/2024 за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата.

Крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 20.12.2024 година.

ИЗНОС НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 14 милиони евра, а корисниците може да побараат неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра по поединечен проект кој ќе покрие 60-75% од прифатливите трошоци, во зависност од видот на апликант и приоритетниот сектор.

Во продолжение прочитајте повеќе за приоритетниот сектор „Рурален туризам“.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија 
    • Најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра
  3. Задруги
  4. Здружени правни лица

ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Со ИПАРД можете да инвестирате во целосно опремување на објекти за рурален туризам, изградба на нови објекти и/или реконструкција, адаптација, доградба и надградба на постојни објекти.

Прифатливи се инвестициите во:

  • Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)
  • Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки)
  • Угостителска дејност (готвење и служење на храна)
  • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги
  • Обезбедување на простории за дегустација, продажба и директен маркетинг на производите
  • Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини)
  • Обезбедување на простории за семинари и обуки, едукативни фарми
  • Обезбедување на рекреативни активности за туристите

НАПОМЕНА: За инвестиции во изградба на нови објекти, апликантот е потребно да приложи правосилно одобрение за градба.

За инвестиции кои опфаќаат градежни работи на постојни објекти, апликантот е потребно да приложи соодветно одобрение или потврда дека за градежните работи не е потребно посебно одобрение.

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 60% од вкупните трошоци за:

  • Набавка на нова опрема за сместувачки капацитети (мебел, апарати и друга опрема за санитарен дел, административен дел, заеднички простории итн.)
  • Набавка на нова опрема за угостителство и кујнска опрема, вклучувајќи кујнски и угостителски прибор
  • Опремување на рекреативни и спортски објекти (отворени и затворени)
  • Набавка на опрема и машини за уредување на дворови, декорација на градини, патеки, фонтани, надворешно осветлување, надворешни скари, затворени градини, летниковци, видиковци, маси и седишта за пикник итн.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби
  • Компјутерска опрема и софтвер

Покрај опрема и машини, може да се инвестира и во изградба на нови или реконструкција/реновирање на постоечки објекти кои ќе се користат како сместувачки капацитети или угостителски објекти, и тоа:

  • Набавка на градежни материјали и елементи за издрадба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет)
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување
  • Сите потребни работни операции и услуги (уривање, подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, занаетчиски активности, транспорт и монтажа, инсталациски работи, подготовка на земјиште и пристапни патишта, садење и расадување)

ПРИФАТЛИВИ ЛОКАЦИИ

Основен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Живеалиштето на физичкото лице или седиштето на правното лице кое аплицира може да биде и во друго населено место, важна е локацијата на инвестицијата.

Прифатливи локации се селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Погледнете ја целосната официјална листа на сите 1774 прифатливи локации на овој линк.

За повеќе информации и подготовка на проектни апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Половина Македонија ноќеска остана без струја
Spirit of Prespa: Совршен ден исполнет со прекрасни луѓе, највкусна храна и незаборавна атмосфера
ССМ најави протест на 2 април поради неконсултирањето од Владата за минимална плата
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Таг:апликацијаипардмакедонијамерка 7рурален туризамрурално подрачје
Претходен напис Конститутивната седница на Управувачкиот совет на Алијансата за природна, вкусна и здрава храна од Пелагонија и Преспа
Следен напис Соработка на Србија, Северна Македонија и Црна Гора во процесот на пристапување во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?