Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година
Агровести

Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година

Објавено 11/02/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на Законот за животна средина и Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година ,  Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година

Средствата од Програмата за инвестирање во животната средина се распределуваат за следните намени:

ТАБЕЛА 1:

Ред. брНАМЕНАКОРИСНИЦИИЗНОС (денари)
  1.Изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни водиОпштини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и градот Скопје45.000.000,00
  2.Реализирање на проекти и активности за заштита на природата и биолошката разновидностПравни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции5.000.000,00
  3.Реализирање на проекти и активности за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа животна срединаПравни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции8.000.000,00
  4.Поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природатаПравни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции7.000.000,00

Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат правни и физички лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции што учествуваат на овој kонкурс  се:

  1. Да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на РСМ 52/10, 135/11, 52/16) најмалку една година пред објавувањето на огласот;
  2. Работењето и дејствувањето  да е насочено кон пошироката јавност и кон интересите на заедницата, во корелација со статутот и програмските  активности на здружението;
  3. Да не добиле средства или поднеле барање до друг орган на државната управа или други извори на финансирање за исти проекти/активности за кои поднесуваат барање, а што би значело двојно финансирање на истите проекти/активности од различни извори; 

Проценка на квалитетот на проектите за правни и физички лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции кои ги исполнуваат основните критериуми, ќе се врши врз основа на посебни критериуми.

Документи кои треба да ги достават правни лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции кои се пријавуваат во рамките на Конкурсот:

  • Копие од Статут  и решение за регистрација и/или извод од Централен регистер.

Oпштини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и градот Скопје што учествуваат на овој Конкурс треба да исполнуваат одредени критериуми кои подетално се објаснети во Конкурсот кој во целост можете да го превземете овде.

Бодувањето во вреска со критериумите е представено во следната табела:

Бр.КритериумиБодовен резултат
1Табела 1 Критериуми за  подобност за финансирање на активности / проектиДа/не
2Табела 2 Критериуми за стратегиско значење за финансирање на активности / проекти     45
3Табела 3 Критериуми за рамномерен регионален развој за финансирање на активности / проекти  25
 Вкупно70
  • Барањата за распределување на средства заинтересираните субјекти  треба да ги достават на еден од обрасците кои се дадени во Прилог 1 и 2 на овој конкурс и е негов составен дел (соодветно според поднесителот),  а кои се достапни и во електронска верзија на web  страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Во случај на поднесување на барање за распределба на средства кое се однесува на финансирање на инвестиционен проект, кон барањето треба да биде приложена и комплетната техничка документација и/или физибилити студија за проектот,  во зависност од фазата на проектот.

  • Рокот на доставување на барањата изнесува 20 дена од денот на објавувањето  на Конкурсот во Службен весник на Република Северна Македонија;
  • Доставените барања кои ќе пристигнат по истекот на рокот за доставување  и  кои нема да бидат во согласност со условите од Конкурсот нема да бидат разгледувани од страна на жири комисијата;
  • Согласно мерките за претпазнивост за намалување на ширење на пандемијата предизвикана од КОВИД -19, се препорачува  барањата да се доставуваат преку пошта на адресата на Министерството Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје, со назнака „Програма за инвестирање во животната средина за 2021 година“,  или пак барањата да се предадат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.
  • Резултатите од спроведениот конкурс ќе бидат објавени во Службен весник на Рeпублика Северна Македонија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:конкурсМинистерство за животна срединапрограми и проекти
Претходен напис ФИТР: 6 милиони евра за кофинансирани грантови наменети за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст
Следен напис Јавен повик за Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?