Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јавен повик за Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор
Агровести

Јавен повик за Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор

Објавено 12/02/2021
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија врз основа на Програмата за развој на туризмот во Република Северна Македонија за 2021 година
објавуви: Јавен повик за Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор.

1.Со оваа активност ќе се субвенционираат разни софтверски решенија наменети за туристичко/угостителскиот сектор кои ќе придонесат за дигитализација на туристичката
понуда и подобрување на дигиталната промоција на туристичко/угостителскиот сектор во Република Северна Македонија

  1. Право на учество имаат сите категоризирани угостителски објекти и лиценцирани туристички агенции во Република Северна Македонија.
  2. Намена на средства
    Средствата можат да се користат исклучиво за имплементација на софтверски решенија наменети за туристичко/угостителскиот сектор кои ќе вклучат Интернет платформа и софтверско решение за
    менаџирање на хотели и други туристички објекти со кој се овозможува целосна дигитализација на услугите и менаџирање на туристичкиот објект, а во кој се интегрирани следните системи:
    A- Систем за резервирање
    B- Систем за менаџирање и синхронизација на платформи за резервација
    C- Веб платформа
    D- Интеграција на ПОС терминали за електронско плаќање
    E- Мобилни апликации
    F- Техничка поддршка
  3. Потребни документи за аплицирање:
  • Образец ,,БАРАЊЕ – СТ 2021” Барање за субвенции за имплементација на софтверски решенија наменети за туристичко/угостителскиот сектор.
  • Во прилог на барањето треба да се достават:
  • ТЕКОВНА СОСТОЈБА (документ издаден од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци);
  • УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ОД УЈП не постаро од 6 (шест) месеци;
  • Решение за категоризација на угостителски објект (или барање за категоризација поднесено до Министерство за економија пред објавување на огласот) или
    Лиценца за вршење на туристичка дејност;
  • Изјава (Образец ,,ИЗЈАВА-2021”) треба да биде потпишана од барателот и заверена на нотар.
  • Договор со регистрирана ИТ компанија за имплементација на Софтверско решение.
  • УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ИТ КОМПАНИЈАТА
    • ТЕКОВНА СОСТОЈБА (документ издаден од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци);
    • УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ОД УЈП не постаро од 6 (шест) месеци;
    • СПИСОК НА ВРАБОТЕНИ ПО ОБВРЗНИК заверен од АВРСМ не постар од 15 дена.
    ПАРТНЕРСТВА
    1- Партнер на Google (прилог потврда)
    2- Препораки од SWIFT меѓународни финансиски организации (прилог потврда)
    3- „Конективити“ партнер со:
    BOOKING (прилог потврда)
    EXPEDIA (прилог потврда)
    AIRBNB (прилог потврда)
    Други
    КАРАКТЕРИСТИКИ НА СОФТВЕРОТ:
    1- Веб апликација
    2- IOS мобилна апликација
    3- Android мобилна апликација
    ПОТРЕБНИ МОДУЛИ ЗА СОВТВЕРИ ЗА ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ
    1- Менаџмент на системи за резервирање
    2- Систем за резервации
    3- Менаџмент на персонал
    4- Дополнителни услуги
    5- Флексибилна политика на цени
    6- Интеграција на виртуален ПОС терминал
    7- Интеграција на книговодствен систем
    8- Примена на вештачка интелигенција
    ПОТРЕБНИ МОДУЛИ ЗА СОФТВЕР ЗА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ
    1- 24/7 онлајн меѓународни и домашни резервации
    2- B2B модул
    3- B2C модул
    4- Флексибилна политика на цени
    5- Веб апликација
    6- Модул за хотели, туристички водичи, музеи, компании за изнајмување на автомобили, превозници и приватно сместување
    7- Интеграција со виртуелен ПОС терминал
    8- Интеграција на книговодствен систем
    ПРИДОБИВКИ
    Бесплатна едукација и тренинг
    24/7 поддршка на лице место, далечински, преку чатбот или преку поддршка на клиенти

• Средствата од субвенциите не се наменети за кофинансирање на следните трошоци:
Набавка на потрошен материјал;
Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето,
Царина за намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето;
Курсни разлики;
Закупнина за деловен простор и сл

Разгледувањето на апликациите и утврдување на исполнувањето на условите од јавниот повик, Комисијата ќе го врши запазувајќи го принципот ,,прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на
поднесување на апликацијата, до исцрпување на средствата.
• Кај мерката ќе се земаат во предвид докажаните трошоци предвидени во Договорот настанати во периодот од 01.01.2021 година до крајниот рок на аплицирање утврден во јавниот повик и за кои
соодветната Комисија при увид на лице место ќе констатира дека трошокот е реално направен и е во согласност со приложените финансиски докази.
• Одобрените средства од 60% Министерството за економија ќе ги исплати со потпишување на Договор со субјектите директно на ИТ компанијата која го имплементира софтверското решение,
остатокот од 40% туристичко/угостителската компанија е должна да ги обезбеди од сопствени или други извори на финансирање и истите се обврзани до 30.11.2021 година да достават Извештај за
реализација со доказ линк до платформата до Министерство за економија.
• На овој Јавен повик немаат право на учество компании на кои во претходните години им се одобрени субвенции за истата мерка.

  1. Вкупната вредност на повикот е 4.500 000,00 денари
  2. Услови за добивање на субвенција
    • Субвенции за имплементација на софтверски решенија наменет за туристичко/угостителскиот сектор ќе се врши преку Кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 300.000,00
    денари.
    Министерството за економија 60% од средствата за субвенција ќе ги префрли дирекно на ИТ компанијата која го имплементира софтверското решение и тоа 50% од средствата во моментот кога ќе се
    одобри апликацијата и 50% по доставување на Извештај за имплементација на софтверското решение.
    Угостителскиот објект/ туристичката агенција дополнителниот износ од 40% е обврзана да го реализира сама согласно договорот со ИТ компанијата.
  3. Барањата со комплетната документација треба дa се достават до архивата на Министерството за економија, Сектор за туризам и угостителство, ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Скопје Јавниот повик е
    објавен на веб страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk
    Краен рок за аплицирање е 31 Март 2021 година.
  4. Начин и рок на доставување и разгледување на барањата
    Барањата заедно со потребната документација се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерство за економија, ул. “Јуриј Гагарин” бр. 15 Скопје, секој работен ден од 9:00 -15:00 часот.
    На пликот треба да стои:
    До Министерство за економија
    За Јавен повик за Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор, со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ “.
    При поднесување на апликацијата секој апликант има право да побара потврда од Архивата за редниот број, датумот и часот на поднесување на апликацијата.
    Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во Архивата на Министерството за економија.
    Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот “ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“ односно по редослед на поднесување и
    пристигнување на апликациите во архивата на Министерството за економија.
    Доколку средствата се исцрпат додека сеуште трае јавниот повик, Министерството за економија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна
    www.economy.gov.mk
    Барањата за субвенционирање ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија.
    Во случај да поднесеното Барање за субвенционирање е некомплетно, односно недостасува некој од потребните документи наведени во Јавниот повик, Комисијата писмено ќе побара од апликантот да
    го дополни Барањето со документите кои недостасуваат, во определен рок.
    Со цел запазување на принципот “прв дојден, прв услужен“, за Барањата со некомплетна документација, како датум на поднесување на Барањето ќе се смета датумот и часот на последното
    дополнување на Барањето преку архивата на Министерството за економија, односно датумот кога Барањето за субвенционирање ќе биде целосно комплетирано.
    Комисијата го задржува правото пред одлучување за доделување на средства да изврши увид кај претпријатието кое аплицира со цел да утврди дали докажаните трошоци соодветствуваат со фактичката
    состојба.
    Јавниот повик е објавен на веб страницата на Mинистеството за економија www.economy.gov.mk
    Краен рок за аплицирање по овој Јавен повик е до 31.03.2021 година.
    Апликациите кои ќе пристигнат по исцрпување на расположивите средства и по завршувањето на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани
  5. Образецот ,,БАРАЊЕ – СТ 2021” за пријавување на Јавниот повик и Изјавата, подносителите може да ги подигнат од архивата или од веб страната на Министерството за економија
    www.economy.gov.mk
    Комисија формирана од Министерот ќе ги разгледа апликациите, ќе изврши евалуација на Барањата и ќе изготви ранг листа.
    Листата на одобрени апликанти на средствата за субвенционирање ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија.
    Подетално за насоките и критериумите за доделување на средствата можете да најдете на веб страната на Министерството за економија: www.economy.gov.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дигитализацијајавен повиктуристичко/угостителски сектор
Претходен напис Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година
Следен напис Снег на Попова Шапка, прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?