Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Христо Кондовски: Потребен е развој на инвестициски фондови кои се полиберални и поттикнуваат претприемачки дух кај населението
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > (ВИДЕО) Христо Кондовски: Потребен е развој на инвестициски фондови кои се полиберални и поттикнуваат претприемачки дух кај населението
Агросектор

(ВИДЕО) Христо Кондовски: Потребен е развој на инвестициски фондови кои се полиберални и поттикнуваат претприемачки дух кај населението

Објавено 24/04/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во интервју за Телевизија Тера, Христо Кондовски, извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, покрај важноста на земјоделското осигурување говори и за економската состојба во државата, економските политики и мерки на Владата во време на ковид криза, но и генерално за перспективите на државата и развој на стопанството.

-Ние во Македонија макроекономски гледано, имаме 6,8 милијарди евра депозити. Проблемот е во нивната алокација при потрошувачка на буџетот и проблем е во банкоцентричниот систем. Моментално 98,9% од парите се во банките. Кај нас воопшто не се разработени инвестициските фондови, инвестициските политики итн. Генерално е тука проблемот – вели Кондовски и потврдува дека во овој период банките се едни од најмоќните институции во државата.

-Да, на тоа укажува тоа дека 98,9% од депозитите се во банките за разлика од европските примери, да не ги спомнуваме САД, каде што голем дел, околу 30-40% од парите се во инвестициски фондови, каде што имаме полиберална инвестициска политика и каде што тие стартапи се поразвиени. Со самото тоа би се развил претприемачкиот дух кај населението. Сега имате евтини депозити, скапи кредити, и резултатот на тоа е банкоцентричен систем.

Во нашава земја кога зборуваме за вработувањата најчесто по сите анкети, а сега и поради ковид-ситуацијата многу малку се надвор. И тие што беа се вратија дома, меѓутоа поразителен е фактот дека најмногу сакаат да работат во јавната администрација, дека малку има претприемачки дух.

-Проблемот е ист. Заради минатиов период се гледа на приватното стопанство како на нешто што не е стабилно, нешто што нема да вирее подолго време. Во моментот кога ќе се сфати дека јавната администрација е само сервис на стопанството, односно на создавателот на БДП, а тоа се приватните компании и во моментот кога јавната администрација ќе биде сервис, се прават напори за тоа и се за поздрав, тие напори јавната администрација да биде поблиску до приватниот капитал, и да му овозможи на населението и на приватниот капитал добро деловно опкружување, во тој момент кога ќе се изедначи тоа, кога ќе стане јавната администрација сервис на приватните субјекти, многу лесно ќе се прифати проблематиката дека фактички живееме за приватното стопанство, бидејќи ние се бориме веќе 20 години да бидеме капиталистичка држава. Во тој момент интересот за јавната администрација ќе исчезне и ќе биде ирелевантно дали работите во јавна администрација или работите во приватна фирма. Ќе гледате само да добиете стабилна плата. Проблем е ликвидноста, значи потрошувачката моќ на државата во моментот за жал имавме една позитивна тенденција на таа потрошувачка политика, односно капитална политика од страна на државата. Сето тоа се ориентира за купи ден-помини заради мерките од коронакризата што се неизбежни, но се надевам дека тоа брзо ќе помине и дека ќе продожиме со развојната тенденција на капитални инвестиции, јавната администрација да стане сервис на приватниот сектор и ќе стане ирелевантно каде работите – вели Кондовски.

На прашањето дали закрепнува економијата и какви се мерките на Владата, тој ја потенцира важноста од зголемената јавна потрошувачка.

-Во моментов, во секоја рецесија, односно во секоја криза е потребна зголемена јавна потрошувачка. Како и да се троши, треба да се пушти оптег на пари од нашата држава за да живее стопанството. Не е проблем како ќе се потрошат парите, треба да се задоволат барањата на засегнатите субјекти, а државата треба да пушта во оптег повеќе средства. Во Македонија не е проблем резултатот, проблем е ликвидноста. Ако ги гледаме нашите фирми, ние правиме анализи со инвестициското работење на поединечните правни субјекти и генерално на целата држава. Целата држава е, нескромно ќе кажам – бомба. Може да функционира, фирмите остваруваат позитивни резултати. Проблем е во ликвидноста. Во Македонија уште важи еден принцип на фактурирана реализација. На Запад тој дел е избегнат, значи мора да платиш за нешто да се регистрира, а кај нас треба да се размени само фактура. И кога гледате по фактури, сè e во ред и ние сме бомба држава. Имаме депозити, имаме профитабилни фирми, а кога гледате по ликвидност, парите ги нема. Сите жалиме и плачеме по тој момент, кај се парите да дојдат во оптег. За поздрав е државата што побрзо да троши пари, да ги пушта во оптег. А такви преодни механизми на стопанството и приватните субјекти ќе го најдат својот пат.

Во продолжение погледнете го целосносто интервју на Кондовски, економист по вокација и првиот докторант на Факултетот за туризам и менаџмент во Охрид во делот со осигурувањето.

Може да ви се допадне

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Мајк Зафировски: Иновациите се можност за Македонија, потребни се посилни бизниси, паметна регулатива и повеќе извозни производи
Македонија со убедливо најниска цена на горивата, не се планира ново намалување на ДДВ за дизелот
Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 30.04.2026 година
Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
Таг:битоламакедонијасн осигурителен брокерХристо Кондовски
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ започнува соработка со компанијата HASATSAN, машини за берба и сортирање на јаткасти плодови како: лешници, ореви, бадеми…
Следен напис Фондот за иновации и технолошки развој стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?